Најубавите и највкусните медени шишарки од непечена смеса, 4 состојки и 10 минути време. Ако сакате да имате нешто многу интересно и креативно на празничната трпеза тогаш направете ги овие колачиња на кои сите ќе им се воодушевуваат.




Сега се сетив на едно убаво време кога ги направив овие вкусни шишарки, а дечињата не се тргнаа од масата колку им се допаѓаа. Потребни ви се само 4 состојки и 10 минути време, без печење, шеќери и масло.




Потребни состојки: 300 г плазма (мелени бисквити), 2 банани, 1 лажица путер од кикирики, 1 лажица мед и чоколаден корнфлекс. Постапка: Во поголем сад ставете ја плазмата или ако користите бисквити, прво изблендирајте ги.




Додајте ги двете банани скршени на помали парчиња. Потоа прелијте 1 лажица путер од кикирики и 1 лажица мед. Ставете најлонска ракавица и замесете ја смесата додека да се соединат сите состојки и да се изедначи.




Кога ќе добиете еднолична смеса почнете да формирате помали колачиња со иста големина. Ако имате специјално калапче за формирање тогаш може да си помогнете со него. А ако немате тогаш црпете од смесата со лажица за да имате приближно иста количина.




Формирајте форма на пирамида, но наместо шилест врв треба да биде тап како помала површина. Редете ги колачињата на чинија. Потоа земете го чоколадниот корнфлекс и редете по страните почнувајќи од доле за изглед како шишарки. Веднаш се послужуваат наросени со шеќер во прав. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




II РЕЦЕПТ. Посни КУКУЛИЧКИ- ШИШАРКИ вкусни ситни колачи со мед, сусам, чоколадо и чоко попс – за 5 мин се готови. Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss) – Манастирски колачи.

Уживајте во вкусните посни шишарки – КУКУЛИЧКИ приготвени според рецептот на нашата драга пријателка Beti Josi. Како и сите други нејзини рецепти, така и овој, е едноставен и брз, но со неодолив вкус. За 5-10 минути се готови.



Потребни состојки: 3 лажици какао, 100 г чоколадо, 100 г сусам, 5-6 лажици мед, 800 г чоко попс или МБ житарки, 5 лажици шеќер и 1 маргарин (250 г).

Постапка: Сусамот се пече во суво тенџере за да добие убав мирис и малку да зарумени. Цело време се меша за да не изгори. Се додава маргаринот исечен на коцки, чоколадото искршено на коцки и се меша додека да се растопат.




Тенџерето е најдобро да се тргне настрана за да не изгорат одеднаш или да се намали температурата на минимум. Откако ќе се соедини смесата, се додаваат и сите други состојки освен чоко попсот.




Чоко попсот е најдобро да се стави во некој поголем сад, па кога преливот ќе се растопи, се прелива и меша за да се изедначи. Со обратната страна од цедалка за лимони се прават калапи (се обложува со проѕирна фолија), се полнат со мало кафено лажиче и се истресуваат врз рамна чинија. На здравје. / Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss)