Гурабиите се ситни колачи кои редовно се правеа во минатото, а денес има огромен број разни верзии од оригиналниот рецепт. Оние старинските гурабии се приготвуваат со маст и по вкус потсетуваат на ванилиците, но не се лепат со џем, туку се наросуваат со шеќер и ореви.

ГУРАБИИ: Фото и рецепт на Соња Кнешевиќ

Секоја домаќинка си има свој начин на приготвување на вкусните гурабии, а во продолжение ќе ви го откриеме оригиналниот рецепт на Соња Кнешевиќ, како и рецептот на Јана кој се разликува во неколку состојки. Еве што ви е потребно:

ГУРАБИИ: Фото и рецепт на Јана




РЕЦЕПТ 1 (на Соња Кнешевиќ) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г маст, 100 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер (20 г), 1 јајце, 1 жолчка, сок и рендана кора од 1 лимон, 500 г брашно. За премачкување и посипување: 1 белка, 75 г ситно или крупно сечкани ореви, 50 г шеќер

ГУРАБИИ: Фото и рецепт на Соња Кнешевиќ

РЕЦЕПТ 2 (на Јана) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г маргарин/путер, 150 г маст, 200 г шеќер, 5 жолчки, 2 кесички ванилин шеќер (20 г), 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 100 мл млеко и брашно по потреба

ГУРАБИИ: Фото и рецепт на Јана




ПОСТАПКА за рецепт 1: Пенасто изматете ја маста со миксер, заедно со шеќерот и ванилин шеќерот. Кога сето убаво ќе се соедини како крем, додајте едно јајце и една жолчка, па продолжете со миксање.




Потоа додајте сок и ситно рендана кора од еден лимон, па кога и тоа ќе се инкорпорира, на крај додајте го брашното и тоа прво само половината, па откако ќе се соедини во комапктна смеса, додајте го и остатокот, па уште еднаш кратко соединете со миксерот во ронлива смеса.




Миксерот повеќе не ви е потребен, а тестото треба малку да го изработите со рака. Не треба да се лепи за рака, ниту да се распаѓа. По потреба додајте уште малку брашно (доколку јајцето било поголемо или лимонот бил сочен). Од тестото обликувајте топка, завиткајте го во кеса и оставете го во фрижидер да одмори 20-тина минути.




За тоа време пригответе го оревите со шеќерот за посипување. Оревите крупно исечкјате ги и помешајте ги со кристал шеќер. Белката изматете ја со виљушка колку да се разбие и оставете ја настрана до употреба.




Изработка на гурабиите: извадете го тестото од фрижидер, истресете го врз набрашнета работна површина, па со оклагија развлечете го во тенка кора, со дебелина од 5-6 мм. Со модлички/калапчиња по желба вадете кекси и редете ги во големиот плех од рерна обложен со хартија за печење. Ќе ви бидат потребни два вакво плеха.




Кексите премачкјате ги со изматена белка со помош на силиконска четка и со лажичка врз секое ставете одозгора посип од ореви и шеќер. Со прстот нежно притиснете за да се залепи. Гурабиите печете ги во загреана рерна на 180 степени, 15-18 минути или додека да заруменат. Следи постапката според рецептот на Јана:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Маста и маргаринот пенасто изматете ги со миксер, а потоа додајте го шеќерот, жолчките (една по една), ванилин шеќерот, прашокот за печиво, млекото, како и брашното кое се додава на неколку наврати, по потреба.




Кога ќе го замесите тестото тоа треба да биде ниту премногу тврдо, ниту премногу меко. Тестото обликувајте го во топка и оставете го да одмори во фрижидер 20-тина минути, но може и веднаш да се развлекува.

Развлечете го во средно дебела кора, вадете ги гурабиите со модла и редете ги на намастен плех или обложен со хартија. Премачкјате ги со изматена белка и наросете ги со мешавина од сечкани ореви и кристал шеќер. печете ги во добро загреана рерна на 200 степени додека да заруменат.