Летен и брз ручек од кујната на Валентина Машковиќ. Вкусен и брз ручек кој се знае уште од многу одамна. Лесно достапен за сите, а толку е вкусен, но и здрав. Мајка ми постојано ни правеше кога бевме мали, а сега јас им правам на моите дечиња.




Всушност станува збор за запечени макарони со тиквички, одличен и здрав сос кој се приготвува кога надвор е многу жешко. Мајка ми постојано јадеше тестенини на ваков начин и беше слаба и витка. Таа ме учеше дека калориите се содржат во сосовите од кашкавали и кечапи.




А на овој начин, таа јадеше околу 50-80 г макарони, а повеќе се фокусираше на тиквичките кои се здрави за јадење. Ете тоа е тајната, а состојките за овој ручек кои ќе ви бидат потребни се овие:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г макарони (за цело семејство), 500-600 г тиквички, 200 мл јогурт, 100 мл масло (плус уште малку), 4 јајца, 200 г домашно тврдо сирење, 150 г кашкавал кој лесно се топи.

ПОСТАПКА: Макароните ставете да се сварат во тенџере со вода и сол. За овој рецепт најдобро одговараат вртени макарони (фусили). Се варат 8-10 минути, колку што пишува на пакувањето.




Настрана излупете ги тиквичките, ако кората им е тврда, но ако се млади може да ги користите и сосе кора. Излупете ги тиквичките на ренде, а потоа оставете малку да се исцедат. Процедете ја водата од нив и во нив прелијте со 200 мл јогурт. Соединете.




Потоа додајте 50 мл масло и зачинете со зачини по ваш вкус како сол, црн, црвен пипер, а може да ставите и лук во гранули. Во смесата додајте 4 јајца, повторно измешајте, па потоа изрендајте 200 г домашно тврдо сирење по ваш вкус.




Доколку сирењето е многу солено, внимавајте на количината на сол која ќе ја додадете. Кога макароните ќе се сварат, исцедете ги од водата и додајте ги во смесата од тиквички. Убаво измешајте ја целата количина додека состојките подеднакво да се соединат.




Во огноотпорен сад излејте ја смесата со тиквички и тестенини и убаво израмнете. Одозгора прелијте со 50 мл масло и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 20-25 минути додека да фатат коричка одозгора.




Некои 5 минути пред печењето, извадете го садот за печење од рерна и наросете 150 г кашкавал (изрендан), па вратете на печење. Најдобро е да користите кашкавал кој лесно се топи за да се излее одозгора. По печењето, извадете од рерна и остацете малку да се олади, па послужете. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.