Сите десерти кои во себе содржат се одличен избор особено за летно време. Овој колач се приготвува многу лесно и многу брзо, а штом го пробате речиси инстантно ќе ве освои со својот вкус. Едноставно се топи во уста…

Потребни состојки: 20 г желатин, 3 жолчки, 100 г шеќер, 350 г млеко, 1 лажичка ванилин шеќер, 300 г грчки јогурт (го има во поголемите маркети – токму под овој назив), 6-10 бисквити кои се потребни за подлога на колачот




Постапка: желатинот помешајте го со ладна вода како што е наведено според упатството на амбалажата. Жолчките пенасто изматете ги заедно со шеќерот и ванилин шеќерот. Матете додека смесата убаво да згусне и побели, а шеќерот да се растопи.




Кремот од жолчки поставете го да се свари како што е опишано во видеото. Додајте млеко и оставете да зоврие. Мешајте постојано за да не ви загори. Додајте го набубрениот желатин и повторно промешајте додека тој да се раствори.




Потоа додајте го грчкиот јогурт. Промешајте до изедначување на состојките. Добиената смеса излејте ја во калап (помал, тесен, долг и длабок за леб или ролат) претходно обложен со хартија за печење или проѕирна фолија.




Одозгора наредете кекси, покријте со фолија и колачот ставете го во фрижидер да отстои најмалку три часа. Потоа превртете го врз украсна чинија за послужување, декорирајте го со рендано чоколадо одозгора, па сечете и послужете. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ, но не го пропуштајте и следниот рецепт:




ЛЕТНА ФАНТАЗИЈА: За 5 минути е готова, фантастична замена за сладолед

Изминативе неколку дена го правев овој десерт на неколку наврати и морам да ви кажам дека е вистинска летна фантазија. Иако неколкупати го приготвив во различни вкусови, домашните не можат да заситат и секогаш ми бараат нова тура.




Прво ја приготвив со пудинг кој има вкус на павлака, потоа со вкус на ванила, третиот пат ја правев со вкус на чоколадо, а овојпат повторно го направив чоколаден, но додадов чоколадо во парчиња. Уф, предобро беше, мора да пробате.

Овој десерт се приготвува за 5 минути, нормално, ако се одземе времето кое е потребно за ладење на пудингот. За мене е највкусно ако стварно добро се излади, па тогаш личи на сладолед, но не е неопходно.




Кремот е толку нежен, провиден, лесен.. Летната фантазија не е многу слатка, а може да ја направите и уште помалку слатка ако така ви одговара или внимавате на калориите. Следниот пат ќе ја правам со вишни, зошто таков предлог добив од домашните..




Потребни состојки: 500 мл млеко + 100 мл, 2 пудинзи со вкус по ваша желба, 4 лажици шеќер (или помалку), 10-15 г петит кекси искршени крупно, јагоди или друго овошје по желба, 200 мл слатка павлака

Постапка: најпрво се приготвува пудингот. млекото ставете го во тенџерето и додајте го шеќерот, но претходно одвојте мала количина во посебен сад за да можете да го разматите прашокот од пудингот.




Тенџерето со млекото и шеќерот ставете го на оган да се загрее, а за тоа време растворете ги двата пудинзи во малата количина која опретходно ја одвоивте. Овојпат, не го читајте упатството од кесичката, бидејќи потребно е да се свари погуст пудинг.

Кога млекото ќе зоврие, намалете ја температурата или малку потргнете го на страна тенџерето, па додајте го разматениот пудинг со постојано мешање. Вратете на оган и варете го кремот додека убаво да згусне, притоа непрекинато мешајќи.




Сварениот пудинг оставете го на страна убаво да се олади со повремено промешување за да не фати коричка (или покријте го со проѕирна фолија). На страна пенасто изматете ја слатката павлака додека да добиете шлаг.

Во изматениот шлаг додајте го целосно изладениот пудинг, целиот или пак додавајте го постепено, малку по малку додека матите со миксерот. Откако убаво ќе изматите и ќе добиете хомогена, изедначена смеса, можете да ги полните десертните чаши.

Чашите можете наизменично да ги полните со крем, сечкани јагоди и кршени бисквити или сечкано чоколадо по вкус. Завршете со крем и декорација со јагоди. Десертот пред послужување убаво изладете го.