Најубавиот куглоф со ореви и пудинг од ванила…Најмекиот и најмирисниот куглоф, со сечкани ореви и пудинг од ванила. Ќе уживате во секој залак.
Потребни состојки (состојките се мерат со шолја од 200 мл):
4 јајца,
1 шолја шеќер,
1 ванилин шеќер,
1 шолја масло,
½ шолја јогурт,
½ шолја млеко,
2 шолји брашно,
1 пудинг од ванила (не треба да се вари),
1 прашок за печиво и
1 шолја сечкани или мелени ореви
За калапот да се премачка добро и посипе: 30 г маргарин/путер или 2 лажици масло,
малку брашно.
Постапка:
1.Намачкајте го калапот со маргарин или масло и посипете го со брашно. Вишокот истресете го. Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее.
2.Изматете ги јајцата (без одвојување на белките), додајте шеќер и ванилин шеќер па продолжете со матење.
3.Кога јајцата ќе згуснат додајте ги сите останати состојки, прво течните па сувите (прашокот од пудингот измешајте го до останатите суви состојки) и полека со лажица промешајте.
4.Добиената смеса излејте ја во калапот за куглоф и печете околу 40-60 минути. Оставете малку да излади, извадете од калап и посипете со шеќер во прав.
Исто така, можете да го прелиете со чоколадна глазура или овошна глазура, или пак, ројал/глазура (изматен снег од белка со шеќер во прав додека да се постигне посакуваната густина).