Фото и рецепт: Славица Георге

Потребни состојки:

500 г брашно

260 мл млака вода

2 лажици масло

1/2 лажица киселина

1 лажица сол

1 прстофат шеќер

125 г путер

Фил:

Спанаќ

1 лажичка сол

125 г дробено сирење

100 г изварка

2-3 јајца

Постапка:

Се користи тава бр.30

Тестото убаво се меси (помеко, но да не лепи), па се дели на две топки од кои едната е малку поголема од другата.

Секоја топка се дели на два дела и се остава да одмори 15 минути, поросена со брашно и покриена со проѕирна фолија за да не се суши тестото.

Прво се отвора поголемата кора (прво едниот дел, па другиот) – околу 10-12 см. Се премачкува со малку путер и над неа се става вториот дел.

Потоа заедно се отвора голема кора – околу 45 см.

Се мачка со путер и се засекува на 12 еднакви парчиња, а во средината останува круг 10-15 см.

Се префрлаат сите сегменти преку средината на кората – со последниот дел се обвиткува цела топка. Се витка со проѕирна фолија и се остава во фрижидер еден час.

Истото се повторува и со помалата топка.

Рерната се загрева на 200 степени, тавчето се премачкува со масло.

Со сукало прво се отвора поголемата кора – да биде поголема од тавата.

Со сукалото се пренесува во тавата и се става филот.

Истото се прави и со помалата кора – се става со сукалото и со разнишување се формираат набори.

Од ивиците на првата кора кои висат преку тавата, се прави витка.

Се премачкува со путер и се прободува горната кора на неколку места.

Се пече 35 минути.

Кога е готов се прска низ прсти со малку вода, се покрива со кујнска крпа и се остава да излади половина час.