Многу вкусна погача мека како памук. Најубавата погача со јогурт…нешто на мој начин, феноменално тесто, а погачата е мека и мириса многу убаво…Едноставна подготовка, само следете чекор по чекор. Еве што е потребно:
Потребни состојки: 350 г брашно, 100 мл млеко, 50 мл јогурт, 100 мл масло, 1 јајце, 10 г инстант квасец, 1 лажичка сол и 1 лажичка шеќер
За премачкување на тестото: 2 лажици масло, 50 г путер, 200 г крем сирење. За премачкување на погачата: 1 жолчка, 1 лажица масло. За наросување: сусам, ким, ленено семе.. по желба
Постапка: во 50 мл млако млеко растворете го квасецот, додајте лажичка шеќер и оставете да се активира и да нарасне.
Изматете јајце, додајте масло, сол, млако млеко и јогурт и на крај активираниот квасец, па измешајте додавајќи постепено брашно. Замесете меко тесто и оставете го покриено да да ферментира на топло место додека да го удвои својот волумен.
Страсаното тесто нежно премесете го и поделете го на два еднакви дела. Едниот дел поделете го на 4 еднакви дела кои ќе ги формирате во топчиња.
Вториот дел ќе го поделите на 5 еднакви дела, во помали топчиња. Земете ги поголемите топчиња па развлечете ги со величина колку помала чинија (15 см), премачкајте ги со растопен путер и масло, па оставете да се стегнат.
Во меѓувреме развлечете ги помалите топчиња (12 см), од пет само четири развлечете а петтото оставете го како топче, за во средината на погачата.
Првите развлечени корички, сега премачкајте ги со сирење, свиткајте ги во ролат и пресечете ги на два дела накосо.
Половинките редете ги во тркалезен плех намастен со малку масло, на еднакви растојанија.
На ист начин пригответе ги и помалите топчиња, па нив редете ги помеѓу веќе поставените.
свиткајте ги малку кон средината, премачкајте со разматена жолчка со малку масло, па во средината ставете го малото топче.
Наросете со семки по желба и оставете на нарасне.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути.