Овој моќен напиток го забрзува метаболизмот и му помага да ги стопи вишокот килограми.

Ова е најстариот рецепт за слабеење : сок од само три состојки

Губитокот на килограми е процес за кој е потребно посебно да се обрати внимание на низа фактори. Освен физичка активност и контролирање на количината на храна која се внесува, која никако не смее да вклучува гладување, во овој процес може да ви помогнат и мали нутриционистички трикови.

Еден од тие трикови е сокот направен од три моќни состојки кои ефикасно го намалуваат чувството на глад, го забрзува метаболизмот, дава енергија и му помага на телото да ги исфрли вишокот маснотии.

Напитокот од јаболкова киселина и мед е стар сојузник во слабеењето, а сега му се придружува и цитронот кој помеѓу останатото, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ефикасно ги разградува мастите.

Потребни состојки:

  • 1 шолја сок од свежо исцеден цитрон
  • 2 лажички јаболкова киселина
  • 1 лажичка мед

Постапка:

Сето добро измешајте го во блендер додека состојките убаво да се поврзат. Сокот се пие пред трите големи оброци (појадок, ручек и вечера).

Постапката повторувајте ја секој ден 7 дена по ред, потоа направете пауза од една седмица, кога можете да ја повторите постапката. Ако не ја поднесувате горчината на цитронот, секој втор дена заменете го со сок од портокал.