Направете домашна БАУНТИ ТОРТА за која ви се потребни само 10 минути! Најсподелуваниот рецепт

Направете домашен колач или торта со вкус кој сите го обожуваат.

Овој колач е седмо небо за љубителите на БАУНТИ – готов за неполни 10 минути, без печење

Со полн кремаст вкус на кокос!

Потребни состојки:

300 г мелени бисквити
200 г темно, квалитетно чоколадо, мелено или ситно рендано
100 мл млеко

За фил:

500 мл млеко
80 г пченичен гриз
100 г шеќер
200 г кокос

Глазура:

100 мл слатка павлака
100 г црно чоколадо
40 г путер

Постапка:

Се мешаат мелените бисквити и меленото чоколадо, па се прелеваат со млеко.

Се меша, а добиената смеса за кора се натапкува во тепсија 30х22 см обложена со хартија за печиња. Се израмнува да биде рамномерно.

Половина литар млеко со 100 г шеќер и 70 г пченичен гриз се мешаат со жица за матење, па се ставаат на оган и се готви со постојано мешање додека да згусне.

Во врелиот гриз се додава кокосот, се меша и се нанесува рамномерно врз кората. Се става во фрижидер или замрзнувач да излади.

Слатката павлака се загрева со чоколадото искршено на коцки и се меша додека тоа да се стопи, па потоа се додава 40 г путер и се прелива како глазура.