НАЈСОЧНИТЕ ЌЕБАПИ КОИ СУМ ГИ ПРОБАЛА, ПОУБАВИ ОД ЌЕБАПЧИЛНИЦА, смесата е готова за 10 минути. Рецепт на Рада од каналот Радине Послатице. Многу вкусни ќебапи, меки и сочни, да не можеш да престанеш да ги јадеш.




Ова е многу лесен и едноставен рецепт за ручек, а ќе се уверите и сами кога ќе ги пробате. Крцкава коричка, а одвнатре меки и сочни, ептен беа вкусни. Рецептот може да го прочитате во продолжение:




Потребни состојки: 500 г свинско мелено месо (може измешано со јагнешко), 500 г јунешко мелено месо, 1 лажичка сол, 1 мала лажичка сода бикарбона, 1 мала лажичка црн пипер, 1 лажичка сув квасец, 1 лажица лук во прав или гранули, 150 мл млака вода. И уште: 50 мл вода и 50 мл масло за пржење.




Постапка: Уште на почеток да ви кажам дека ќебапите се повкусни доколку користите мешано месо, може јунешко со свинско или јунешко со јагнешко, доколку избегнувате свинско. Мешаното мелено месо го подобрува вкусот, отколку да користите само еден вид на мелено месо.




Ги соединувам месата со рака, па потоа ги додавам сувите состојки, сол, црн пипер, лук во прав, квасец, сода бикарбона за да бидат крцкави и на крај ја додавам млаката вода. Се убаво соединувам со рака, па садот со месото го покривам со проѕирна фолија и го оставам да отстои преку ноќ.




Следниот ден, повторно ја размесувам смесата и почнувам со формирање на ќебапите. Дебелината и должината на ќебапите останува на вас, јас ги правам потенки со нормална дебелина.




Уште полесно е наместо да ги формирате со рака, може да ја ставите смесата во кесичка, да ја формирате како кујнски шприц како најчесто што се филуваат торти и колачи и така да ги вадите ќебапите.




Многу е побрзо и поедноставно. Потоа загревам тавче на средна температура на многу малку масло, колку да се запржат, а може да ги печете и на скара. Ги пржам ќебапите додека да фатат коричка од сите страни, со повремено превртување.




Пред да ги извадите од тавчето каде што се пржеле, мешам 50 мл вода со 50 мл масло и со кујнска четка ги премачкувам колку да добијат уште покрцкав вкус. Ги складирам во тенџере да не се ладат, додека ги пржам останатите.




На крајот, кога ќе се испржат сите ќебапи, потпекувам лепче со малку масло и вегета, па во него правиме сендвич од ќебапи со павлака, кромид, лук, ајвар, кој со што си сака да ги јаде.




Од 1 кг мелено месо излегуваат околу 40 ќебапи, така што доколку количински ви изгледа многу, можете да ги замрзнете или едноставно направете помалку. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.