Имам голема среќа што живеам со свекрва ми. Оваа неверојатна жена продолжува да ме изненадува со нејзините кулинарски вештини. Сите јадења што таа ќе ги приготви се секогаш многу необични и неверојатно вкусни. Овојпат таа нè иненади со рецепт што го видела на јутјуб, а тоа е „батаци со ориз во тегла“.




Откако првпат го пробавме, толку многу ни се допадна, што и јас почнав да го приготвувам, па речиси секоја недела го имаме за ручек. Месото е прелиено со многу вкусен сос за скара, а кога ќе се испече во теглата, во сопствените сокови, ги задржува сите вкусови и станува многу сочно.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА МЕСО: 4 батаци, 350 г свинско месо (врат), 1 чајна лажичка сол, 1 чајна лажичка црн пипер во прав, 1/2 лажичка сув босилек во прав (или оригано), 2 лачички слатка зачинска пиперка во прав, 1 главица кромид, 2 супени лажици масло

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ОРИЗ: 250 г ориз, 300 мл вода, 1 лажичка сол, 3 супени лажици масло, 1 морков. И уште: црвена пиперка, стапчиња за ражњичи, стаклени тегли од 1,5-3 литри




ПОСТАПКА: Исечкајте го месото на поситни парчиња и поставете го во некој подлабок сад. Зачинете го со сол, цен пипер, црвен пипер, масло и една мелена главица кромид. Убаво промешајте со раце за да да се распоредат рамномерно зачините насекаде, а по желба додајте босилек, оригано или некој друг зачин по вкус.




Вака приготвено месото оставете го 15-тина минути во фрижидер да се соединат сите вкусови. Во меѓувреме измијте го оризот во неколку води, а потоа залејте го во вода, посолете и варете го неколку минути.




Во меѓувреме изрендајте еден голем морков и запржете го на тава во загреано масло. Полуварениот ориз процедете го од водата и додајте го во морковот, па заедно пропржете ги. Кога ќе се соединат, со помош на лажица рамномерно распоредете го оризот во две поголеми стаклени тегли.




Извадете го месото од фрижидер, па започнете да ги приготвувате ражњичите: исечете една или две црвени пиперки на парчиња со величина на парчињата свинско месо, па на стапчето редете месо-пиперка-месо.




Истото направете го и со батаците, со тоа што за еден батак користете едно стапче (не е неопходно). Вака приготвените ражњичи ставете ги во теглите, а потоа одозгора завиткајте го отворот на теглата со алуминиумска фолија.




Теглите ставете ги во ладна рерна, па вклучете ја на 180 степени. Од моментот на загревање, месото печете го приближно 70 минути. По изминатото време, отворете ја рерната и оставете ги теглите внатре уште половина час.




Кога ќе се испече оризот тој ќе добие вкус од месото и станува неверојатно вкусен. на овој начин добивате и одличен гарнис со двата вида месо, истовремено. Месото станува многу сочно и се двои од коската.




Зачините дополнително му даваат вкус како да се печело на скара. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.