Освен за лекување на анемија, овој здрав рецепт многу добро се покажал и за чистење на плаките од кpвните садови, како и за јакнење на имунитетот.
Затоа, ако имате недостиг на железо проследен со ослабен имунитет, направете си го овој природен лек чија подготовка нема да ви одземе повеќе од 10 минути.
Дефицитот на железо во кpвта е чест здравствен проблем. Главни симптоми за анемија се: бледило на кожата, бледило на слузокожата во устата, бел јазик кој некогаш може да отече, повремена бoлка во гради, умор и поспаност, слабост, малаксаност и недостиг на енергија.
Може да се јави и втоглавица проследена со силна главоболка. Се забележуваат и разлистани нокти и коса. Понекогаш се јавува и забрзано чукање на срцето. Нерегулираната анемија на подолг рок доведува до проблеми со срцето, коските и цревата.
ПРИЧИНИ ЗА АНЕМИЈА: Лоша и еднолична исхрана, премал внес на свежо овошје и зеленчук. Понекогаш како причина се јавуваат и стригуте, рестриктивни диети кои исклучуваат цела група намирници. причина може да биде и често или обилно кpвавење (менcтpуaлно, хемороиди).
Анемија може да се јави и кај сериозни болести на цревата и желудникот, како што се: чир, Кронова болест, целијакија, улцерозен колитис и гастритис. Кај сите наведени тегоби, подобрувањето на кр-вната слика и нивото на железо треба да стане приоритет.
Дневните потреби од железо во кpвта кај жени изнесуваат 18 мг, а кај мажите е нешто помалку од 8 мг. Затоа, многу е важно да јадете намирници кои се богати со железо, но и правилно да ги комбинирате за да може истото да се „врзе“ и да се задржи во организмот.
Ова се намирници кои треба да ги јадете: свински црн дроб (џигер), говедско, мисиркино, лиснат зелен зеленчук (коприва, кељ, спанаќ, блитва, брокула, целер).
Железото многу полесно се апсорбира во желудникот со помош на витамин Ц, па затоа, потребно е да се јаде и што повеќе зеленило и цитрус. Од останатите намирници јадете: грашок, интегрални житарици, јаткасти плодови, суви сливи и суво грозје.
ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА АНЕМИЈА – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 50 г семе од коприва, 100 г несолени и непечени бадеми, 2 големи лимони и 350 г багремов или друг квалитетен мед (нешто повеќе од половина тегла).
ПОСТАПКА: Семето од коприва може да го сомелите но не мора. Бадемите потребно е да бидат органски и сирови. Ситно исечкајте ги врз даска за сечење или сомелете ги во блендер. Исцедете сок од два лимона.
Најпрво соединете ги медот и семето од коприва. Потоа во таа смеса додајте го лимоновиот сок и повторно промешајте додека малку да се разреди смесата.
На самиот крај додајте ги и сечканите/мелените бадеми. Добиената смеса чувајте ја во стаклена тегла, во фрижидер ДО 10-14 ДЕНА. Користете по една лажица пред секој од главните оброци.
За лековитоста на копривата знаеле и нашите предци и уште многу одамна ја користеле за лекување на различни болести. Изобилува со железо, манган, бакар и витамин Ц.
Успешно ја спречува анемијата, го подобрува имунитетот, го чува срцето, ги штити кpвните садови и ги јакне коските. Сите делови од копривата се лековити, започнувајќи од коренот, листовите, па до семето.
ЗОШТО БАДЕМ? Во 100 г бадеми се содржат дури 3 мг железо. Бадемите се одлични за јакнење на коски, помагаат во намалување на кpвниот притисок, како и намалување на лoшиот ЛДЛ холестерол.
Изобилуваат со витаминот Е, како и магнезиум и диетални влакна. Токму влакната се добри за дигестијата, а магнезиумот за кpвта, а токму овие својства се клучни во лекувањето на анемијата.
Лимонот многу често се користи во природните препарати наменети за подобрување на кpвната слика. Одлично се комбинира со јаткастите плодови и медот. Во оваа комбинација заедно со семето од коприва – дава одлични резултати.