Ефикасен природен лек за намалување на холестеролот кој дури и лекарите го препорачуваат. Се приготвува од намирници кои не содржат глутен, а со самото тоа лекот е погоден и за лица кои боледуваат од целијакија.

Главна состојка на ова природен препарат е шченкарното брашно кои има бројни лековити својства. Го јакне имунолошкиот систем, поттикнува слабеење, ги штити организмот од вируси и бактерии, а можеби е состојка која е најпозната како народен лек за спуштање на високиот холестерол и триглицеридите.

Кога бевме деца со помош на пченкарно брашно нашите баби ни ја симнуваа високата температура, така што го мешаа со оцет, а смесата ни ја ставаа во чорапи кои ги носевме преку цела ноќ.

Овој рецепт за регулирање на холестеролот и триглицеридите го знаат сите постари лекари и им го препорачуваат на своите пациенти како алтернатива прет отпочнување со медикаментозна терапија.

Потребни состојки:

100 г пченкарно брашно
100 г семки од сончоглед, лупени
100 г кокосово брашно
100 г сиров сусам
100 г ленено семе

Постапка:

Сите состојки добро се мешаат и најдобро би било пред консумација да мелете помала количина (не мора). Секое утро се земаат две супени лажици од мешавината со кефир или јогурт со пробиотици. За први резултати овој природен лек мора да се консумира најмалку 30 денови, а уште подобро делува доколку се комбинира со чај од корен од глуварче кој се пие 2-3 пати во текот на денот. Мешавината се чува во стаклена тегла, во фрижидер или на темно и ладно место (да не е изложена на сончева светлина).

Пченкарното брашно изобилува со хранливи материи: ниацин, тиамин, рибофлавин, пантотенска киселина, фолати и витамини Б6, Е и К. Содржи влакна, каротеноиди, 18 аминокиселини и есенцијални минерали, како што се цинк, железо, магнезиум, фосфор, калиум, бакар, манган и селен.