Завиткувањето е една од популарните козметички процедури со чија помош можете да направите корекција на фигурата, да ги отстраните вишокот центиметри и масни наслаги, да го подобрите тонусот и структурата на кожата.

Од завиткувањето добивате најдобри резултати, треба само добро да се „испари“ кожата и да се направи пилинг за време на туширањето. Тогаш ќе можете да и пристапите на оваа процедура – завиткување.

Овој рецепт всушност најдобро функционира во комбинација со кокосово масло: ова масло одлично ја хидрира кожата, ја зголемува нејзината еластичност и го спречува опуштањето на кожата при слабеење.

Потребни состојки:

-проѕирна фолија за домаќинство

-кокосово масло

Постапка:

Нанесете во тенок слој кокосово масло на проблематичните зони (стомак, нозе итн). Обидете се фолијата да ја завиткате, но не толку цврсто за да не ја спречите циркулацијата и за да можете да се чувствувате пријатно.

Третманот се состои од 14 завиткувања (се прави секој втор ден). Потоа се прави пауза од еден месец.

Слабеењето со помош на завиткување дава резултати, но треба на сите треба да им биде јасно дека ова е само постапка која го олеснува и забрзува слабеењето во период на рестрикциска исхрана, односно кога лицето се придржува на здрава или рестриктивна диета и физички е активно, како и сè она што подразбира борба со вишокот килограми.

Оваа девојка ќе ви покаже како точно се врши завиткувањето:

ОБЛОГА СО ЃУМБИР-НАПРЕДНО НИВО

Сакате затегнато тело без вежбање? Пробајте ја оваа облога од ѓумбир! Со консумирање на ѓумбирот ќе го забрзате метаболизмот, а со самото тоа ќе го изгубите и вишокот на килограми.

Сличен ефект има и облогата за телото приготвена со ѓумбир. Дознајте како се прави и начинот за нејзино применување.

Што ви е потребно:

-Лажица ѓумбир во прав (или рендан, свеж)

-Неколку лажици лосион за тело (кокосово масло)

-Проѕирна фолија

-пешкир

-еластичен завој

Постапка:

Пешкирот замотајте го во потопла вода, па замотајте го делот од телото кој сакате да го третирате со облогата. Оставете неколку минути за да се отворат порите на кожата. По потреба повторете ја оваа постапка уште еднаш.

Измешајте ѓумбир и лосион за тело па на саканото место намачкајте подебел слој од оваа мешавина. Потоа замотајте се неколку пати со проѕирна фолија. Преку фолијата ставете еластичен (или обичен) завој.

Не се стегајте премногу, треба да ви биде пријатно.

Оставете да делува 4 часа, а ако не ви претставува проблем и цела ноќ.

Во почетокот можете да почувствувате пецкање. Не се грижете, бидејќи тоа е знак дека маската делува.

Оваа облога е добра, бидејќи ѓумбирот ги намалува натрупаните масти во телото.

Напоменуваме дека резултатите се уште подобри доколку сте упорни, правилно се исхранувате и редовно вежбате.

Исто така, со додавање на ѓумбирот во секојдневната исхрана, ќе го засилите делувањето на оваа облога, па ќе намалите повеќе центиметри во обемот на стомакот.

Напомена: Имајте во предвид дека резултатите ќе варираат од лице до лице. Сантиметрите кои ќе ги изгубите зависат од вашиот метаболизам, физичката активност и исхраната.