Проблемот на денешницата која го окупира понежниот пол, е како да се одржува витката линија, а во потрага по одговори, бројни дами и’ се обратија на најпаметната жена на светот.

Американката Мерилин вос Савант која се запиша во Гинисовата книга на рекорди како жена со највисок коефициент на интелигенција, во соработка со бројни проекти за подигање на свеста за науката и методологијата за подобрување на интелигенцијата кај децата, веќе речиси три децении таа пишува колумни за списанието “Parade”.

Токму во последната колумна таа не се осврна на логичките задачи ниту на математичките проблематики, како што таа тоа вообичаено го прави. Таа го привлече вниманието со тоа што понуди решение за најпроблематичното прашање кое ги мачи бројни дами: како да се одржува витката линија?

Многумина можеби очекуваа високоинтелигентни информации, но мерилин понуди искрени, обични одговори, со кои паметно ја избалансира тематиката на која бројни експерти заработуваат милиони продавајќи диети кои гарантираат слабеење.

1. ВАЖНО ПРАВИЛО: ЗАБОРАВЕТЕ НА ГРИЦКИТЕ

меѓу примарните правила со кои телото ќе го доведете во ред, Мерилин препорачува да се исфрлат грицките од корпата во продавница. Имено, кујнските полици треба да се полнат со сите намирници кои се потребни за тридневните оброци, а да се заборави на кексите, чипсовите и други слатки и солени грицкалки кои се најголема опасност за витката линија.

2.ИСФРЛЕТЕ ГИ МЕЃУОБРОЦИТЕ

За разлика од некои нутриционисти кои советуваат меѓуоброци, Мерилин не се согласува со нивната методологија. Наместо овошје и сокови за меѓуоброк, на кои Мерилин не им ја оспорува здравата улога во исхраната, таа советува шолја чај.

А потполно контрадикторното врежано мислење за консумирање на сиромашна вечера, таа денот го завршува уживајќи во јадења во кои таа најмногу ги сака, бидејќи верува дека храната е покорисна за телото кога сте глани, а не кога тоа ви го наложува распоредот.

3.ОТКАЖЕТЕ СЕ ОД КАЛОРИЧНИТЕ РАЗЛАДЕНИ ПИЈАЛАЦИ

Соковите и млекото таа ги одобрува само за време на појадокот, а едно од важните правила на кои таа се придржува е пиењето на напитоци БЕЗ МРАЗ. Таа смета дека со мразот напитоците се разводнуваат со што се уништува нивниот вкус, па имаме потреба тоа да го компензираме со дополнителни слатки напитоци.

Освен тоа, водата со температура од 22 степени летно време е сосем доволна за да го разлади телото кое е изложено на надворешни температури од 38 и повеќе степени, сè друго е штетно.

4.НЕМОЈТЕ СО СИЛА ДА ГО ДОЈАДУВАТЕ ОНА ШТО ОСТАНАЛО ВО ЧИНИЈАТА

“Да се јаде вишокот храна е најлошиот вид на фрлање вкусна храна”, тврди најпаметната жена на светот. Колку и да бил вкусен вашиот оброк, најпристојното за добра линија би било да се научите делот од храната што се наоѓа во чинијата да го оставите за следниот оброк, но никако за ужина и грицкање. За оние кои не можат да се контролираат, Мерилин препорачува да се обидат со помали порции.

5.УЖИВАЊЕ ВО ВЕЧЕРАТА

Задоволството да се ужива во вечерата со семејството о пријателите во модерниот забрзан свет полека изумира, но тоа не би требало да нè спречи да уживаме во секој залак кога јадеме сами. Омилената уживанција на познатата колумнистка е одењето на вечера и “развлекувањето” на омилениот ритуал без брзање.

6.ЦЕНЕТЕ ЈА ХРАНАТА И УЖИВАЈТЕ ВО СЕКОЈ ЗАЛАК

Ако ја сакате храната, тогаш со љубов однесувајте се кон секој залак, на начин со кој секој залак ќе го соџвакате подолго и ќе можете да ја почувствувате аромата во устата. На овој начин ќе се поштедите од маките како што се дуење и грчеви во цревата.

7.ОСТАНЕТЕ ДОСЛЕДНИ НА НАВИКИТЕ

Викендот е најчесто оаза за опуштање при што многумина истото го сфаќаат и како опуштање на сите кочници во исхраната за кои се држат преку неделата.

Мерилин советува стого да се придржувате на распоредот, а во моменти на досада, наместо да посегнете по грицки, најдобро е да посегнете по некоја активност како прошетка или возење со велосипед.

8.НЕ ГИ ПОТЦЕНУВАЈТЕ КАЛОРИИТЕ

Здравата храна во оброците не дозволува прејадување што е голема грешка за многумина во исхраната, па луѓето ги потценуваат калориите. Еден лесен појадок и ручек во случајот на Мерилин брои 250 калории.

9.ЈАДЕТЕ ЈА САМО ХРАНАТА КОЈА ЈА ЗАСЛУЖУВАТЕ

Никогаш не се согласувајте на лоша храна, вашето тело заслужува само најдобро. Затоа заборавете на разварена тестенина, масен сендвич или лоши кекси преполни со сол, маснотии и појачувачи на вкусови, бидејќи тоа едноставно не го заслужувате.