Летниот период сите сакаме да се заблажиме со нешто освежително, па овој рецепт кога еднаш ќе го пробате, ќе ви стане хит!

Не треба ништо да варите, ниту да печете, сè се приготвува за многу кратко време, а на готовата торта доволни и се само 2 часа за да се излади во обичен фрижидер.

Рецептот за овој освежителен и суперлесен рецепт ни го откри нашата драга членка Габриела Миленкоска во групата НМД рецепти. Пробајте го, нема да ве остави рамнодушни.

Фото и рецепт: Габриела Миленкоска

Потребни состојки:

500 г бисквити
500 г јагоди (овошје по желба)
500 мл јогурт
500 мл слатка павлака

Постапка:

Во еден поголем сад искршете ги бисквитите. Не е важна големината, може покрупно или поситно да ги кршите. Прелијте ги со јогуртот и оставете ги на страна.

Додека бисквитите го впиваат јогуртот, измијте го исечкајте го овошјето на поситни парчиња. Овошјето може да биде сезонско, по ваш избор. Освежителен вкус даваат јагодите, праските, кајсиите, малините, сите бобинки…

На страна се мати со миксер слатката павлака додека да се добие цврст шлаг, а потоа се дели на два дела. Во едниот дел се додава овошјето, а потоа се соединува со смесата од бисквити и јогурт.

Смесата може да ја мешате со лажица, но може и со рака. Излејте ја во помало тавче или калап обложен со проѕирна фолија. Обликот исто така е по ваш избор.

Одозгора рамномерно нанесете го остатокот од слатката павлака и израмнете. Декорирајте по желба, со сечкано овошје, мелени бисквити… Тортата оставете ја во фрижидер да излади околу два часа, а потоа можете да ја сечете и да ја послужите.

Фото и рецепт: Габриела Миленкоска