Денес сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро и претежно тивко време, по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер.
Новата година е пред нас, а според метеоролозите не очекува топло време во првите денови од 2022 –та година. Во недела сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во понеделник сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. До вторник ќе се задржи стабилно и релативно топло време.
Во среда попладне и во четврток претпладне под влијание на влажен и студен бран ќе има локални врнежи од дожд и снег, засилен северен ветер и значително опаѓање на температурата.
Според долготрајното предвидување на accuweather во земјава, поточно во Скопје во првиот месец од годината не очекува различно време. Па така првите пет дена од Новата година ќе имаме високи температури, а потоа за Божиќ нè очекува намалување на истите, но потоа повторно ќе се зголемат.
Снег се најавува за Божиќ, а и за Православната стара нова година која се прославува на 13 јануари.