Овој универзален и на сите достапен производ ќе ви помогне околу домаќинството, за одржување на личната хигиена и чистотата во домот, како и против несаканите штетници, а ова се неговите најчести примени:

Пригответе воздушеста кајгана нежна како памук: на три јајца додајте 1/4 лажичка сода бикарбона (или прстофат сода бикарбона, во ситна гранулација).

Побрзо сварен грав со меко зрно: во првата вода во која ќе го закиснете гравот додајте прстофат сода бикарбона.

За да го отстраните непријатниот мирис на рацете кој сте го добиле после јадење/чистење на риба или лук: рацете навлажнете ги со малку вода и истријте ги со лажица сода бикарбона, а потоа исплакнете ги со топла вода.

Песок како пластелин за детска игра: сварете 2 шолји сода бикарбона, 1 шолја пченкарен сируп и 1 поголема шолја вода. Гответе додека да добиете густа смеса, а потоа тргнете го садот на страна за да излади.

По долго стоење, а некогаш и со редовна употреба, во машината за перење садови може да се насели мувла која произведува непријатен мирис.

За да ги отстраните непријатните мириси од машината за садови пригответе го следниот рецепт: истурете 1 шолја сода бикарбона и вклучете програм за плакнење.

Загорени тенџериња: наполнете го тенџерето со вода до 1/4, додајте половина шолја сода бикарбона и ставете да проврие. Оставете така да отстои преку цела цела ноќ, а следниот ден исплакнете. Тенџерето ќе биде како ново.

NMD.mk

Повкусен домат: ако одгледувате домати во вашата градина, наросете на почвата малку сода бикарбона и ќе го добиете најслаткиот и највкусниот домат. Доматите многу ја сакаат сода бикарбоната, но сепак не претерувајте, наросете само малку.

Изгоpеници од сонце: во када со вода растворете една шолја сода бикарбона и потопете се. Водата треба да биде млака, ниту премногу топла, ни премногу студена, затоа што во неа треба да останете барем неколку минути. Б олките ќе поминат.

Ранички во усната шуплина: на неколку часови плакнете ја устата со раствор од 1 шолја топла вода и 1 лажичка сода бикарбона. Оваа постапка можете да ја правите и доколку се појави непријатен мирис или после јадење на лук.

Чистење на микробранова печка: ставете шолја вода со неколку лажички сода бикарбона и вклучете на три минути на највисока температура. Со еден потег ќе се ибришат сите дамки и ќе исчезнат мирисите.

Масни дамки на тапетите: натопете го сунѓерот со млака вода и сода бикарбона, па пребришете ги тапетите. Киселини во стомак после јадење: ставете прстофат сода бикарбона во напиток и испијте го.

Убоди од комарци: направете паста од сода бикарбона и неколку капки вода, па нанесете на уб одот и оставете да се исуши. Несакани мравки: на било кое место каде не сакате да поминуваат мравки, наросете обилно сода бикарбона.

Непријатна миризба од стапалата: во леген со топла вода растворете шолја сода бикарбона и киснете ги стапалата 20 минути. Во водата можете да додадете и морска сол и неколку капки јод (на овој начин ќе си помогнете доколку станува збор за габична инфекција).