Доколку не сте љубител на антибиотици и хемиски лекови, ви предлагаме да го пробате овој природен антибиотик составен од низа најдобри, најсилни и најздрави нехемиски состојки кои може да послужат како лек.
Воедно ова е одлично средство за зајакнување на имуниот систем, јакнење на целиот организам и превенција од низа болести и состојби. Состојките се докажани природни антивоспалителни и антибактериски елементи. Во овој природен лек соединети се заедно и делуваат синергиски.
Потребни состојки: 800 мл јаболкова киселина, ¼ шолја ситно исечкан лук, ¼ шолја ситно исечкан кромид, 2 лути пиперчиња, ¼ шолја рендан ѓумбир, 2 лажици рендан рен, 2 лажици куркума и 2 чајни лажички ситно мелен црн пипер
Постапка: Сите состојки освен оцетот исечкајте ги како што е опишано, промешајте во сад или изблендајте ги. Ставете ја смесата во стаклена тегла или големо стаклено шише со широко грло.
Прелијте со оцет и добро измешајте. Затворете го садот и промешајте. Оставете на некое поладно место да отстои 7-10 дена. Повремено кога ќе се сетите промешајте. Потоа процедете ја смесата за да ја одвоите само течноста. Добро исцедете ја целата течност од остатокот.
Употреба: Се консумира како и секој лек, најдобро 2-3 пати на ден по една супена лажица. Вака приготвениот природен супер лек можете да го користите за сите видови настинки, воспаленија, грип, болки, зголемена температура, восплени мускули и сл.
Лекот може да се користи и превентивно за општо здравје, за зајакнување на имунитетот, при проблеми со висок крвен притисок, масти во крвта, артериосклероза, слаба циркулација, како и превенција од најтешки болести вклучително рак и срцеви заболувања.
Ако лекот го користите како превенција доволно е да користите една до две супени лажици дневно, најдобро една наутро и една навечер пред спиење. Внимавајте, луто е, но во таа лутина се крие силата на лековитоста на состојките. Не се препорачува за деца помлади од 10 години.