Најдобар начин за заштита од болести е силниот имунитет. За да го зајакнете имунитетот потребно е здраво да се храните, да бидете физички активни и колку можете повеќе да престојувате на чист воздух.

Меѓутоа, секогаш е добро да го имате овој моќен напиток при рака, во случај да бидете нападнати од разни вирусни или бактериски инфекции.

Ова е најмоќниот природен антибиотик, а можете да го направите сами.

Потребни состојки:

700 мл јаболкова киселина

¼ шолја исечкан лук

¼ шолја исечкан кромид

2 свежи лути пиперки (претходно проверете дали навистина се лути)

¼ шолја рендан ѓумбир

2 лажици рендан рен

2 лажици куркума во прав

Постапка:

Сите состојки без јаболковата киселина, измешајте ги во подлабок сад.

Смесата префрлете ја во стаклена тегла и прелијте со јаболкова киселина. Затворете добро, па протресете ја теглата.

Најдобро е теглата да биде исполнета 2/3 со смесата, а остатокот да го дополните со киселина.

Теглата оставете ја на суво и ладно место да отстои две седмици.

По 14 дена процедете низ газа.

Употреба:

По една супена лажица дневно, за подобрување на имунитетот. Напитокот е доста лут, но затоа е многу ефикасен.

За почеток консумирајте по една мала лажичка додека да се навикнете, па постепено зголемувајте. При итна потреба консумирајте 4-5 лажички, распоредени во текот на денот.