Најмеките проички со сирење за 10 минути, меки остануваат и следниот ден! Ви гарантирам дека нема помеки и повкусни од нив. БРЗО се прават од малку состојки кои сигурно веќе ги имате в кујна. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 200 г брашно, 150 г пченкарно брашно, 200 мл јогурт, 150 мл масло, 1 лажичка прашок за печиво, малку сол по вкус, 3 лажици кисела павлака, 250 г ситно сирење и сусам за наросување
ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете ги јајцата и рачно изматете ги. Додајте ја павлаката и соединете. Брашното помешајте го со прашокот за печиво, па и него додајте го во смесата.
Веднаш додајте го и пченкарното брашно, па малку посолете (2 прстофати или во зависност од соленоста на сирењето). Додека мешате постепено додавајте го и течниот јогурт, а потоа и 150 мл масло, па сето добро соединете го.
Кога сето ќе се изедначи, додајте го сирењето и уште малку промешајте. Смесата треба да биде со фина текстура со конзистенција на крем. Калапите за куглоф намастете ги со масло или путер, па полнете ги со смесата.
Одозгора посипете сусам и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 25 минути. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Наједноставни меки пченкарни проички со фета сирење“ – ОВДЕ.