Како поднесуваш, ова е неиздржливо? – Ова прашање си го разменуваат луѓето кога ќе се видат или ќе се слушнат на телефон. Без разлика дали сте припадник на помладата или постарата генерација, проблемот со високите температури не заобиколува никого.




Поради порастот на температурите и жегата по улиците, граѓаните се чувствуваат немоќно и изнемоштено. Покрај вообичаените тегоби, дневното функционирање дополнително е отежнато поради преголемите гоpештини.




Изненадува фактот што од високите температури освен старите лица, се жалат сè поголем број млади лица. Првобитно се сметаше дека топлината сè потешко се поднесува со годините, меѓутоа откриваме дека тоа не е во потполност точно.




И кај младите и кај старите доаѓа до хормонален дисбаланс, па топлината доста тешко ја поднесуваат припадниците на обете популации, истакнува д-р Бисерка Обрадовиќ, специјалист по општа пракса.




Докторката исто така потенцираше дека од топлотен ш ок не се пош-тедени ниту двегодишните деца, поради што мора да се разладуваат што почесто и да се направи сè за да им биде попријатно.




Во ризична група спаѓаат хронично болните, како и метеопатите, бидејќи тие реагираат на посебен начин и кај нив кортизолот (хормон на ст-рес) се лачи во поголема количина од вообичаено, додека хормонот за б олка го има сè помалку. На тој начин, прагот за б олка е прилично снижен, истакнува докторката.




Со високите температури организмот се б ори на два начини: со потење и дилатација на кр-вните садови, односно нивно ширење. Често се случува да дојде до драстичен пад на кр-вниот притисок кој се манифестира како несвестица, вртоглавица или ко-лапс.




Она што е исклучително важно според зборовите на д-р Бисерка Обрадовиќ, е тоа кога некој ќе ја изгуби свеста, никако не смее да му се применуваат шамаpи, ниту да се полева со ладна вода.




Најважно е онесвестениот човек да се постави во лежечка положба и да му се подигнат рацете и нозете за да се врати кр-вта во мозокот. Притоа, таа објасни дека мозокот е најчувствителен на недостиг на кислород и дека поради нискиот притисок стра-да.




Неопходни се големи количини на вода, но не во вид на замена за кафе или енергетски пијалаци, бидејќи тоа предизвикува уште поголема дехидратација. Особено чувствителна група се возачите кои мора постојано да се хидрирани.




Докторката апелира да не се посегнува по водата само кога сте жедни, бидејќи тогаш вие веќе сте дехидрирани. Кога е намален внесот на течности во организмот, доаѓа до згуснување на кр-вта, што пак доведува до други ризични последици.