Фото и рецепт: Сеида Ценановиќ

Потребни состојки:

6 јајца
400 г шеќер
300 мл масло
150 мл млеко
400 г брашно
1 прашок за печиво
1 лажица какао

за фил:

1 литар млеко
16 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
10 лажици брашно
125 г путер

и уште е потребно:

150-200 г кокосово брашно
150 г чоколадо
3 лажици млеко
1 лажица шеќер
20 г путер

Постапка:

За кора: изматете ги пенасто јајцата. Додадете масло, млеко и промешајте. Посебно соединете го брашното, прашокот за печиво и какаото, па потоа додадете во претходната смеса и добро промешајте за да нема грутчиња.

Добиената смеса излејте во намастен и набрашнет плех од рерна и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути, во зависност од вашата рерна.

700 мл млеко ставете да проврие со шеќер и ванила, а во остатокот промешајте го брашното. Кога млекото ќе проврие, додадете ја смесата и варете со постојано мешање додека да згусне. Во изладениот фил додадете го изматениот путер и соединете го.

Кога ќе се излади кората, според оригиналниот рецепт треба да се вадат кругови со чаша или тркалезна модла, но јас одлучив да ги сечан на квадрати. Потоа секое парче се пресекува на половина. Се филува и се лепи, а потоа се премачкува и од страните и се валка во кокос.

За глазура: Се растопува чоколадото со млеко, шеќер и путер. Ако сакате да ги шарате одозгора, растопете и бело чоколадо. Со лажичка ставајте врз горниот дел од колачот, прво од темното чоколадо, па од белото и правете шари со чепкалка или дрвено стапче. Оставете да излади и да се стегне.

Напомена: Кога колачот ќе го филувате, ако ви е полесно прво оставете го во фрижидер малку да излади и да се стегне, а потоа продолжете со страничното филување. Ако сакате кората да ви биде потемна, додадете повеќе какао.

Фото и рецепт: Сеида Ценановиќ