Не мора да излезете од дома за да се “прошетате”. Многумина од нас немаат време за прошетки и пешачење во природа, а движењето на отворено се искомплицира дополнително и поради панде-мијата.
Навистина и не е пријатно да пешачите или да трчате со маска на лицето, како што сега е препорачано. Но, затоа – за сè се има решение, па и за овој проблем. За подобрување на здравствената состојба или губиток на килограмите не треба нужно да се зачленувате во теретана.
Наместо тоа, едноставно можете – да пешачите. Токму одењето, односно пешачењето е една од најдобрите и бесплатните физички активности, а медицинските експерти препорачуваат минимално половина час пешачење секој ден.
Со оглед на тоа што потребната километража можеме да ја одработиме и во внатрешноста на сопствениот дом, сега повеќе нема изговор за неактивност! КАКО ДА СЕ ИЗОДАТ 1,5 КИЛОМЕТРИ БЕЗ ДА ИЗЛЕЗЕТЕ ОД ДОМА
Време е да престанеме да се жалиме себеси и да сфатиме дека секој од нас може секојдневно да издвои барем 15 минути за себе. Токму толку ви е потребно за да со помош на ова популарно мотивациско видео на фитнес инструкторката Лесли Сансоне, одработите 1,6 километри прошетка без да излезете од дома.
Не е важно дали живеете во мал или голем простор, бидејќи тренингот е конципиран така што без проблем може да се изведе и во тесен простор. “Оваа жена ми го спаси животот со своите методи и вежби. Имав 300 кг и едвај преоѓав од едната страна на куќата до другата.
Нејзините тренинзи ми помогнаа да се вратам во форма и тоа во приватноста на мојот дом. Најголемата награда за трудот е тоа што успеав да ослабам и да уживам во тренингот. Денес сум за половина полесна од тоа што бев” …
– ова е само еден од низата позитивни коментари на сметка на овој едноставен тренинг кој можете да го погледнете во продолжение. Бидете физички активни и полни со енергија. на тој начин ќе бидете поздрави и порасположени, со здрав дух и здраво тело.