Комбинацијата на мед и цимет се користи во традиционалната кинеска медицина и ајурведската медицина како дел од програмата за лекување. Овие две намирници имаат уникатни лековити својства и се користат како лек повеќе од 5.000 години.
Циметот е еден од најстарите зачини, а лековитоста на медот е голема, па затоа ова е комбинација за идеален домашен лек што се користи за лекување на многу болести. Есенцијалните масла кои ги содржи циметот и ензимите во медот се моќна комбинација која го запира развојот на бактерии и габи и го штити организмот од вирусите.
Циметот и медот, не само што се користат како лек во медицината, туку се и хранливи материи кои и даваат на исхраната специфична ароматична нота. Тие се користат и како алтернатива за конзервирање на храна, бидејќи благодарение на нивните ефикасни антимикробни својства, ја штитат храната од расипување.
Циметот е зачин кој потекнува од Истокот. Најмногу се одгледува во Кина, Индија, Индонезија и Шри Ланка. Порано циметот бил скап и ексклузивен зачин, додека денес го има насекаде и се продава по ниски цени.
Кај нас се користи во свежа форма или сув како прашок. Постојат два вида на цимет, цејлонски цимет (вистински цимет) или касија цимет (циметот кој е почесто користен). Цејлонскиот цимет се продава во форма на стапчиња и има позачинета арома. Касија циметот има поостар вкус и може да се најде во форма на прав.
Циметот го забрзува согорувањето на мастите, ја подобрува меморијата, го намалува нивото на шеќер во кр-вта и го намалува нивото на масти. Богат е со минерали и витамини. Тој е одличен извор на манган, железо, калциум, цинк, витамин Ц и рибофлавин.
Треба да се напомене дека во ајурведската медицина, медот е попознат како Јогавахи, што значи растение кое има лековити својства за клетките и ткивата во телото. Се верува дека медот во комбинација со друга билка или зачин прави одличен еликсир за подобрување на неговиот квалитетот и полесно продира подлабоко во организмот.
И медот и циметот се индивидуално природен лек за многу болести, а заедно прават формула која многу помага во лекување на човековото здравје.
Комбинацијата од мед и цимет се користи за лекување на артритис. Се нанесува како паста на погодениот дел од телото и полека се масира. Исто така, пиењето чај со мед и цимет секојдневно помага во ублажување на болката и вкочанетоста во зглобовите.
Во форма на топла паста направена од лажица мед, лажица цимет и маслиново масло, се користи во борбата против опаѓањето на косата. Се препорачува да се нанесе пастата пред капење и да се остави да отстои 15 минути пред миење за поефикасно дејство.
Измешајте лажичка цимет во прав и половина лажичка мед и растворете се во чаша млака вода, а потоа испијте за да ги уништите бактериите во уринарниот систем и да спречите инфекција. Медот и циметот се одлични народни лекови против болести на бубрезите, камен во жолчката или мочниот меур.
Пастата од цимет и мед помага во лекување на забоболка. Се нанесува директно на забот и ги ублажува болните симптоми за кратко време. Плакнењето на грлото со мед и цимет во комбинација со топла вода помага во одржување на свежиот здив во текот на денот.
Зелениот чај во комбинација со мед и цимет е добар во борбата против зголемениот холестеролот. Чаша млака вода со мед и малку цимет го зајакнува имунитетот и ги олеснува синусите за време на настинка. Лажица мед наросена со цимет се консумира пред оброк за намалување на киселините во желудникот и за подобро варење на храната.
Мешавината од мед и цимет и млака вода ја намалува болката од каснување од инсекти за неколку минути. За намалување на телесната тежина, пијте мешавина од лажичка мед и половина лажичка цимет во варено вино.
Медената паста и циметот во прав се користат и во козметиката, бидејќи го чистат лицето и помагаат во лекување на акните. Редовното консумирање чај со мед и малку цимет го зајакнува имунитетот, го штити организмот од вирусни и бактериски инфекции и ја одржува виталноста.
Најевтиниот лек на светот, половина лимон и сода бикарбона – моќна мешавина која спасува живот
Оваа комбинација го забавува развојот на сериозни болести и целосно ги елиминира туморските клетки. Сода бикарбоната се користи за нега на тело односно за надворешна употреба, но има и големи придобивки доколку се консумира во комбинација со лимон.
Лимонот изобилува со витамин Ц, а оваа комбинација го штити телото од разни болести, ги лекува туморските клетки, го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето на храната.
Го алкализира телото
Комбинацијата од лимон и сода бикарбона го алкализира целото тело. Овој процес помага во борбата против ацидозата.
Ова е исто така одличен лек за бубрезите, ја олеснува нивната работа, а помага и за чистење на организмот и согорување на маснотии.
Го забрзува метаболизмот
Веќе сте слушнале дека лимонот го подобрува варењето на храната, но ако додадете малку сода бикарбона, ќе добиете одлична мешавина која успешно се бори против подуеноста, но помага и во борбата против гастроезофагеалниот рефлукс.
Го прочистува телото од токсини
Оваа мешавина го чисти нашиот црн дроб, а дозата на витамин Ц го зајакнува организмот и помага во борбата против вирусите. Поради големите придобивки на овој еликсир ќе го регулирате лошиот холестерот и ќе ја подобрите работата на кардиоваскуларниот систем.
Потребни состојки: сок од половина лимон, 1 лажичка сода бикарбона, 1 чаша вода (200 мл).
Постапка: Исцедете го лимонот и додајте сода бикарбона во него. Потоа прелијте ја мешавината со вода и пијте го лековитиот напиток секое утро на празен стомак во период од 7 дена.
Потоа направете пауза од 14 дена и по желба повторете ја терапијата. Овој напиток успешно се бори против веќе настанатите туморски клетки и влијае како превенција да не се развијат истите. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска