НАЈЕДНОСТАВНИОТ САТАРАШ СО САМО 3 СОСТОЈКИ: Подготовката трае 15 минути и се готви еден час, а вкусот е фантастичен.
Веројатно јадењето „сатараш“ е едно од омилените јадења кои со задоволство се приготвуваат и за зимница со едноставно складирање во тегли и затворање додека е сè уште врело. Ова е еден од наједноставните рецепти. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г слатка пиперка, 700 г домати, 300 г кромид, 120 мл растително масло и 2 лажички сол
ПОСТАПКА: пиперките измијте ги, исчистете ги и исечкајте ги на коцкички. Доматите засечете ги на задната страна во вид на крстче, па спушете ги кратко во врела вода и веднаш потоа со решеткава лажица префрлете ги во ледена вода.
На овој начин многу лесно ќе ги излупите. Откако ќе ги излупите исечкајте ги на коцкички, а доколку имаат многу семе отстранете го и сочувајте го само месестиот дел. Кромидот исто така ситно исечакјте го.
Во широка тава сипете го маслото и сипете го сечканиот кромид. Посолете го со една лажичка сол и пржете го 10-тина минути или додека да застакли и омекне. Потопа додајте ги сечканите пиперки.
Продолжете со динстање уште 10 минути. Повремено промешувајте. на крај додајте ги сечканите домати, па намалете на умерена температура. Посолете со уште една лажичка сол. Продолжете со динстање уште 45-50 минути со повремено промешување.
Кога е готово треба да е густо и зеленчукот целосно омекнат. Ако правите голема количина складирајте го во стаклени тегли, претходно стерилизирани и добро затворајте ги со нов капак. оставете ги да се оладат покриени во ќебе.
Вака приготвената зимница може да трае до една година без да го промени вкусот ако се чува на темно и ладно место. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „СОЧУВАЈТЕ ГО „ЛЕТОТО“ ВО ЗАМРЗНУВАЧ: Вака најлесно се прави сатараш за цела зима“ – ОВДЕ.
СОЧУВАЈТЕ ГО „ЛЕТОТО“ ВО ЗАМРЗНУВАЧ: Вака најлесно се прави сатараш за цела зима