Тестото е неверојатно, може да се користи за приготвување на разни печива и неверојатно е меко. Некои теста се меки после печењето, а ова тесто е меко дури и после два дена! Фотографија и рецепт на Марко Стрижак.
Потребни состојки: 500 г меко брашно, 7 г сув квасец, 65 г шеќер, 1 лажичка сол, 240 мл млеко, 75 г путер, 3 жолчки и 20 г путер за премачкување на тестото кога е печено.
Постапка: Замесете брашно, шеќер, сол, жолчки и квасец, претходно активиран во мешавина од млеко и растопен путер. Добро измиксајте околу 5 минути додека да добиете мазно тесто кое не се лепи премногу, а сепак малку е меко и лепливо.
Ако е потребно додадете уште малку брашно. Уште малку рачно измесете го на работна површина, па оставете го во намастен сад, на топло да стасува додека да се удвои. Откако тестото ќе стаса, од него можете да правиште што и да посакате, бухтле, пита, разни печива…
Што и да направите тестото е предобро. После печењето премачкајте го со малку путер (околу 20 г) за да му даде убав мирис, сјај, мекост, текстура.. Деталите можете да ги погледнете во видеото: