Ќе ви претставиме неколку рецепти испратени од наши читатели, кои и претходно сме ги објавиле на НМД, а за кои сме добиле огромен број позитивни повратни коментари, бидејќи многумина со нив си го решиле својот најголем проблем.
ДОМАШЕН ЛЕК ЗА КОСА ПРИ ОПАЃАЊЕ ПОРАДИ ПРОБЛЕМ СО ТИРОИДАТА (ХАШИМОТО) Како да спречите опаѓање на косата кај Хашимото?
Ако ви е дијагностициран Хашимотов синдром и еден од неговите симптоми е опаѓање на косата, важно е редовно да ја пиете пропишаната терапија i да ги следите сите упатства на лекарот. Покрај ова, важно е да се напомене дека некои лекови кои се користат во третманот на тироидната жлезда, исто така, може да резултираат со пореметувања на растот на косата.
Овие се првенствено антитироидни лекови како што се „Карбимазол“ и „Пропилтиоурацил“, кои како несакан ефект можат да имаат зголемено опаѓање на косата. Затоа е потребно да се следат советите и мислењето и на ендокринолозите и на трихолозите – специјалисти за проблеми со опаѓање на косата.
Кај Хашимото нару-шувањата во растот на косата се јавуваат на ниво на фоликули, нормалниот циклус на раст на косата е скратен, паѓа предвреме, и во потеш-ки случаи, престануваат да се создаваат нови влакна.
Во почетните фази, косата ја губи својата влажност, се разретчува, истенчува и п ука. Ако третманот не се започне на време, косата станува се потенка и потенка, понекогаш паѓа во кругови, додека целосното опаѓање на косата е поретко.
ПРИРОДНА МАСКА ЗА КОСА – РЕЦЕПТ НА СТАНИСЛАВА МИХОВА. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 полна голема лажица кисело млеко, 1 лажица јаболков оцет или лимонов сок, 1 лажица мед, по желба жолчка од јајце.
Постапка: сите состојки соединете ги во хомогена смеса. Киселото млеко оставете го претходно да се стопли на собна температура, зошто ако го извадите директно од фрижидер и го нанесите на главата, ќе ви биде непријатно ладно.
Смесата нанесете ја на коренот од косата, а доколку ви остане од смесата премачкајте ја целата коса. Потоа завиткајте ја во кеса или специјална капа, фиксирајте со пешкир за да се сочува топлината и оставете да делува половина час.
Потоа измијте ја косата со вашиот вообичаен или специјален шампон против опаѓање чиј рецепт можете да го прочитате ОВДЕ. Од маската станува многу мека и сјајна и го зацврстува коренот, го исхранува и спречува опаѓање. Користете ја двапати неделно. Презентацијата на Станислава погледнете ја ОВДЕ.
РЕЦЕПТ 2 – НАЈДОБАР ДОМАШЕН ЛЕК ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА: Секој може да го направи од две состојки
МАСЛО ОД ЛУК. Може да користите чисто масло од лук (купечко) за намалување на опаѓањето на косата. Едноставно два до трипати неделно нанесувајте го маслото директо во коренот од косата. Масирајте го скалпот 5 до 10 минути, а потоа косата добро исперете ја со шампон без сулфати.
За да добиете најдобри резултати, маслото малку загрејте го пред да го нанесите на главата. Овој процес повторувајте го онолку недели додека да забележите дека опаѓањето се намалило а косата станува погуста и појака. Доколку немате готово масло од лук, секогаш можете сами да си го приготвите во домашни услови.
Потребни ви се 8-10 чешниња лук и половина шолја рицинусово или кокосово масло. Лукот изблендирајте го додека да добиете мека каша, па додајте го маслото. Потоа ставете на многу тивок оган да се загрее додека да зарумени. Зготвениот лук во масло оставете да се олади. Процедете ја смесата и користете по две лажици за масажа на целата глава.
Исто така, може да се обидете да користите и сиров лук, така што ќе го пресечете чешнето, па со пресечената страна директно ќе ја мачкате кожата на местото каде опаѓа косата. Лукот може да го ири-тира местото, па затоа не го користете овој метод пречесто. После секое користење на лукот, косата исперете ја со некој благ шампон.
ЛЕК ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА СО ЛУК И МЕД. Постапка: исцедете сок од 8 чешниња лук со што ќе добиете една лажичка. На оваа лажичка сок од лук додајте една лажичка мед и добро промешајте додека да добиете компактна смеса. Нанесете ја смесата директно на скалпот и покријте ја главата со капа за туширање.
После 20 минути исперете ја косата со благ шампон без сулфати. овој процес се повторува два до трипати неделно и многу брзо се постигнуваат резултати.
МАСКА ЗА КОСА ОД ЛУК ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА. За оние на кои им паѓа косата во цели прамени, најефикасно е целното лекување, односно на тие „печати“ од кои косата опаѓа. Оваа маска од лук може лесно да се приготви дома од три состојки, а тоа се: лук, ѓумбир и маслиново масло. Ѓумбирот се додава затоа што ја подобрува циркулацијата.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лажица маслиново масло, 1 чешне лук, малку свеж корен од ѓумбир или ѓумбир во прав (половина од количината на лукот). Ова е мала количина, па сразмерно на површината која ќе ја третирате, зголемете ги состојките.
ПОСТАПКА: Сите состојки исчистете ги и иситнете ги во блендер додека заедно со маслото да добиете компактна смеса. Нанесете ја смесата на коренот, фиксирајте добро со капа и оставете да делува преку цела ноќ. Следниот ден исперете ја косата со шампон. Овој третман се користи еднаш до двапати неделно.
КОМОВА РАКИЈА СО ЛУК. Во 200 мл комова ракија додајте 5-6 исчистени и крупно исечкани чешниња лук. Оставете да отстои пет дена со секојдневно протресување. По изминатиот период овој лосион секојдневно нанесувајте го по малку на главата.
Кога ќе ги забележите резултатите, намалете на трипати неделно. Бидејќи и двете состојки се доста силни, најпрво нанесете на мал дел од кожата зад увото, па доколку нема реакција продолжете со третманот. Исто така, внимавајте и да не дојде до исушување на кожата. Во овој случај важи правилото: „Помалку значи повеќе“.
ЛУК, КРОМИД И ЦИМЕТ – ОДЛИЧЕН ЛЕК ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА. Делува брзо и многу успешно. Ги „буди“ заспаните фоликули и ги поттикнува на побрз раст, па спречува понатамошно опаѓање на косата.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 шолји вода, 1 помала главица кромид, 1 стапче цимет, 3 чешниња лук. Постапка: исчистете го лукот и сварете ги сите состојки во две шолји вода, па оставете смесата да се олади.
Потоа процедете. Течноста нанесете ја на главата и оставете да делува 15-20 минути. Потоа исперете со млака вода и шампон. Третманот се повторува секој ден во текот на една недела. Веднаш ќе забележите дека опаѓањето значително е намалено.
ШАМПОН ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА. Потребни состојки: 200 мл шампон без сулфати, силикони или парабени, 15 чешниња лук и 10 капки етерично масло од пеперминт. Постапка: Лукот исчистете го и сомелете го, па заедно со етеричното масло додајте го во шампонот. Овој шампон не смее да се користи повеќе од трипати неделно.
ХЕРБАЛЕН ТРЕТМАН ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА: Новата коса расте побрзо, резултати за 3 дена
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 свежи гранчиња рузмарин, 1 парче ѓумбир (со величина на палец), 3 кесички зелен чај (или 3 супени лажици рефусен зелен чај од билна аптека), 1/4 чаша рицинусово масло и 1/2 чаша екстра девствено маслиново масло и 1 лист алое вера со средна величина.
Постапка: од поголемите гранки рузмарин со едно спротивно повлекување извлечете ги само зелените ливчиња и ставете ги во стаклената тегла. Оние помалите гранчиња со помеко гранче може да ги ставите цели.
Ѓумбирот исечкајте го на тенки лентички и исцепакјте го колку можете поситно. Кесичките зелен чај исечете ги, па содржината истурете ја во теглата. Алое вера листот без да го лупите исечкајте го на поситни коцкички, па и него додајте го.
Додајте го рицинусовото и маслиновото масло, па затворете ја теглата добро. Доколку ги немате овие две специфични масла (кои се најдобри), може да користите масло од бадем, кокос или некое друго.
Во едно поголемо тенџере ставете вода да зоврие, па ставете ја теглата внатре и затворете го тенџерето со капак. Температурата намалете ја на умерено и оставете вака маслото да се загрева 15 минути.
По изминатото време внимателно извадете ја теглата. Ќе забележите дека маслото ја променило бојата. Вака приготвеното масло оставете го да отстои три дена на темно место, а потоа може да започнете со негова употреба.
Процедете го низ сито или газа и убаво истискајте ги билките . Добиеното лековито масло складирајте го во специјални шишенца со капалки, или какви имате. По можност треба да бидат нетранспарентни, а доколку немате такви, завиткајте ги во алуминиумска фолија.
УПОТРЕБА: Нанесувајте го ова масло трипати неделно на чиста коса, претходно измиена, започнувајќи од коренот, па сè до краевите. Добро вмасирајте го маслото во скалпот, а потоа завиткајте ја главата во специјална капа за бањање, или кеса, па пешкир.
Оставете вака да делува околу два часа. Потоа исплакнете ја косата и измијте ја со вашиот вообичаен шампон (по можност од коприва). Ќе забележите брзо подобрување на квалитетот на вашата коса.
Природен лек против опаѓање на коса после прележан виpyc – резултатите се забележуваат по 1 седмица
Потребни состојки: шампон од коприва (обичен, литарски), пантенол 100 мл (воден раствор), капки од коприва 30 мл (едно шишенце), АД капки, 30 мл воден раствор (едно шишенце), рицинус масло 50 мл, 2 ампули витамин Б. *сите состојки се купуваат во аптека.
Постапка: во 750 мл шампон од коприва измешајте цело шишенце пантенол 100 мл, цело шишенце капки од коприва 30 мл, цело шишенце АД капки и рицинусово масло. Промешајте.
МОЕТО ИСКУСТВО СО ОВОЈ ШАМПОН: Овој шампон го користам веќе три месеци и имам само позитивни коментари. Косата престана да ми опаѓа, сега е поздрава, поеластична и посјајна. Брзината на растот се удвои, а на допир косата ми е мека и нежна.
Шампонот има доста течна конзистенција, па потребно е добро да се протресе пред секоја употреба. Бидејќи е воденикав препорачувам прво да ја истурите во дланка потребната количина, а потоа да втриете добро во косата.
Откако ќе се запени, масирајте го темето неколку минути за да ја зголемите циркулацијата и реапсорпцијата на состојките, оставете малку да делува а потоа темелно исплакнете.
После тоа можете да нанесете некоја маска или регенератор за коса доколку ви е сува, а мене лично не ми е потребно. Доколку имате изразено сува коса, тогаш ставете половина шишенце од капките од коприва, бидејќи копривата може дополнително да ја исуши косата.
Ако имате изразено опаѓање на косата препорачувам да пиете чај од коприва, да го контролирате хормонскиот статус и крвната слика, бидејќи недостигот на железо може да доведе до опаѓање на косата. Шампонот можете да го купите во било кој маркет, а останатите состојки во аптека.