Секој човек во светот има некакви карти кои уште му би биле доделени уште на самиот почеток, па со овие карти мора да ја игра комплицираната игра наречена живот. Тие се доделуваат по случаен избор, а каква среќа ќе ви се падни во голема мера зависи и од вашите гени, местото (и државата) каде што сте се родиле, финансиските можности на вашето семејство…




Без оглед на околностите кои што животот ќе избере да ви ги обезбеди, вие одлучувате дали ќе бидете жр-тва или прежи-веан. Имате контрола врз изборот и вие одлучувате дали ќе го направите сопствениот живот сладок или кисел, солен или горчлив…




Оние кои го избираат слаткиот живот, оние што прежи-вуваат, се најсилните меѓу сите останати. „Најубавите и најдобрите луѓе што ги знаеме се оние кои доживеале пораз, сретнале стра-дања и загу-би, се бо-реле во секој момент и го нашле својот пат од најмрачните длабочини.




Овие луѓе знаат да ценат, чувствителни се и имаат разбирање кон другите. Животот им дал искуства кои морале да ги имаат, а кои ги исполниле со сочувство, добрина и длабока емпатија. Убавите луѓе не се раѓаат туку-така, туку се создаваат“, вели Елизабет Коблер-Рос, психијатар и автор од Швајцарија.




Љубезните луѓе донесуваат светлина во светот затоа што излегле од темнината. Во светот на темнината во која се родени, љубезните луѓе ги осветлуваат животите на другите со својата по-зитивност. Тие се оние на кои им се доделуваат „не-среќни“ картички како што се лоша семејна ситуација или сиромаштија, на пример.




Не само што тие научиле како да успеат во животот, туку научиле и како да ги надминат ло-шите работи и да се издигнат над нив. Тие научиле како да ги отфрлат „патериците“ и другите помошни помагала и некако да го постигнат невозможното: тргнале по трнливиот пат и ги престигнале сите оние кои од старт имале повеќе среќа и подобри околности.

Додека на некои им бил подарен комплет од убави обоени моливи, ним им бил даден еден обичен, полупотрошен молив со кој ќе го обојат својот живот поразновидно и поблескаво од другите.




Љубезните луѓе сакаат најмногу, затоа што биле најмногу повре-дени. Поединци кои биле повре-дени или изма-мени од поранешните партнери, ќе знаат подобро и повеќе како да го сакаат својот иден партнер. Тие знаат како е кога некому му се кр-ши срцето и како да го залепат и поправат. Тие никогаш не сакаат да му го приредат некому искуството што тие самите го доживеале.




Љубезните луѓе научиле на потешкиот начин дека личните недостатоци се можности за раст и развој. Повеќе од можно е љубезните и драги луѓе порано да биле песимисти. Со текот на времето, тие дознале дека нема лично растење со песимизам. Тие сфатиле дека секоја работа што ги влече надолу како те-жина е всушност уште еден чекор на патот кон остварување на нивните соништа.

Можеби токму тоа што морале да се справат со братот алко-холичар, ги научило на емпатија и трпеливост да им помогнат на другите завис-ници. Многу терапевти научиле уште во рана возраст како да се поврзат со оние кои стра-даат. На овој начин, љубезните луѓе на некој начин од „жив песок“ градат пат до успехот.




Љубезните луѓе не сакаат другите да стра-даат како што стра-дале тие. Децата можат да бидат су-рови и да ги задеваат другите за нивните физички недостаци како што се пеги на лицето, големи уши или мозолчиња.

Луѓето кои знаат како е кога некој ги навредува и з-лоупотребува, не сакаат да им нанесат таква б-олка на другите. Љубезноста и добрината кај човекот произлегуваат од су-ровоста што ја доживеал. Наместо таа агресија да ја пренесе на другите, љубезната личност ќе го ск-рши маѓепсаниот круг и ќе одговори на з-лоупотребата со комплименти.




Љубезните луѓе им помагаат на другите да прежи-веат и да станат подобри луѓе. Таквите луѓе можат да се справат со секоја ситуација што животот одлучил да ја приреди. Знаат дека можат да прежи-веат сè затоа што имаат искуство со прежи-вување.

Во трката за живот, луѓето обично гледаат право напред и ги игнорираат другите „тркачи“. Тие се навистина љубезните меѓу нас и ги охрабруваат своите пријатели, познаници, колеги и семејство.




Ги мотивираат другите да трчаат заедно со нив, ги делат своите замислени шишиња вода и енергија со сите околу нив. Стануваат луѓе кои се подготвени да направат сè за другите и да им помогнат кога ќе се најдат во неволја, ќе бидат оние луѓе што ги немале покрај себе кога им било најтеш-ко.