Пржените лепчиња отсекогаш биле омилен појадок или вечера на многу генерации, особено на децата, но и на возрасните. Најлесни се за подготвување, бидејќи наутро и навечер не треба да се подготвува комплицирана храна, туку нешто едноставно и обично. Во продолжение може да го прочитате рецептот за пржени лепчиња како сендвич.

ТРЕТ РЕЦЕПТ




Никој нема да ви го одбие овој топол сендвич. Наместо да ги готвите или да направите матени јајца или пржени лепчиња, додајте уште неколку состојки како домати и кромид и ќе го добиете најубавиот топол сендвич. Кога ќе се вратите гладни од работа и сакате да подготвите нешто вкусно и брзо, вистинскиот избор е овој тост-топол сендвич. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 2 јајца, 1/2 лажичка мелена пиперка, 1 мал домат, 1/2 кромид, малку магдонос, 2 парчиња леб, неколку парчиња шунка, неколку парчиња кашкавал. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 6 парчиња леб, крем сирење, неколку парчиња шунка, неколку парчиња тврд кашкавал, 2 јајца, 20 мл млеко, 20 г путер.

ВТОР РЕЦЕПТ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ТРЕТ РЕЦЕПТ): едно тост-парче леб, 2 јајца, малку сол по вкус, малку путер за пржење на тостот. ЗА ФИЛ: лажичка џем од јагоди, едно тенко парче кашкавал или за солен фил може да се стави крем сирење или можеби тенко парче сланина.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Земете еден подлабок сад и измешајте ги јајцата. Посолете и запиперете ги по вкус и додајте зачинска мелена пиперка. Настрана исечкајте еден домат на коцки, а кромидот исечкајте го на ситни парчиња, како и магдоносот. Соединете ги зеленчуците и додајте ги во садот со изматените јајца.

Добро измешајте. Земете едно нелепливо тавче (како она за палачинки) и намастете го со малку масло или путер, на ниска температура. Кога тавчето ќе се загрее, истурете ја содржината од јајца и зеленчуци на едната половина од тавчето, а потоа ставете го двете парчиња одозгора, едно до друго.




Прво, само натопете ја едната страна на лебот, а потоа превртете на другата страна. Така направете со двете парчиња тост-леб. Кога ќе ги превртите на другата страна, оставете сѐ да се готви. Наредете ги тенко сечканата шунка и кашкавалот одозгора и кога ќе забележите дека јајцата се зготвени и започнале да фаќаат коричка, преклопете ги двете парчиња леб, како сендвич. Пропржете уште малку и послужете.




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Земете едно парче леб премачкајте го со крем сирење, ставете одозгора едно парче шунка, па одозгора парче кашкавал. Потоа ставете парче леб одозгора, повторно премачкајте со крем сирење, па ставете едно парче шунка и кашкавал. Врз него ставете уште едно парче леб.




Настрана подгответе уште еден ваков ист сендвич, во зависност од тоа за колку луѓе подготвувате. Настрана, во подлабок сад изматете ги јајцата со млеко и малку сол и црн пипер. Потопете ги сендвичите во смесата од јајца и веднаш префрлете ги во нелепливо тавче во кое сте растопиле путер. Гответе ги сендвичите од двете страни, додека јајцата да фатат коричка, на ниска температура.




ПОСТАПКА ЗА ТРЕТИОТ РЕЦЕПТ: Во една нелеплива тава на многу тивок оган растопете една мала коцка путер. Пенасто изматете две јајца со виљушка и посолете. Излејте ги јајцата во загреаната тава со путер и пржете ги на тивок оган. Тенкото парче леб преполовете го, а истото сторете го и со тенкото парче кашкавал.

Ставете го едното парче леб во јајцата колку да се натопи, а веднаш потоа превртете го од другата страна. Истото повторете го и со другото парче леб и поставете го до него. Потоа со помош на лопатка-шпатула, превртете ја „палачинката“ од леб и јајца. Превртете ги вишокот краеви од омлетот врз лепчињата, така да добиете квадрат. На едната страна намачкајте џем/крем сирење/ајвар или нешто по ваш вкус, а од другата страна поставете го кашкавалот.

Затворете го тостот со помош на лопатката-шпатула и пржете го уште малку. Во тавата додајте уште сосем мало парче путер за да се запржи убаво тостот. Послужете го топол. Сите три рецепти се подготвуваат многу слично, а филот може да го подготвувате со она што го имате во домот, може да биде само со зеленчук или со кашкавал или да ставите и сувомеснато. Деталите за првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ, за вториот ОВДЕ, а за третиот ОВДЕ.