Најдобриот шербетен колач со ореви, без миксер! Се приготвува брзо и едноставно од состојки кои ги имаме в кујна. Ова е еден стар рецепт од нашите баби. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА:

4 јајца
200 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер

Изматете рачно со жица-маталка 2-3 минути додека да се раствори шеќерот. Потоа додајте:

175 мл масло
200 мл јогурт или млеко

Повторно промешајте и изедначете, па додајте:

3 супени лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво
1.5 чаша (од 200 мл) гриз

Мешајте додека да се разбијат сите грутчиња и да добиете хомогена, мазна, аморфна смеса. Па додајте:

200 г крупно мелено ореви
1 лажичка цимет по вкус

Промешајте и смесата оставете ја да отстои 10 минути за да набубри гризот, а смесата малку да згусне.

Излејте ја во помал калап (приближно 28х28 см) претходно намастен и набрашнет. Распоредете рамномерно, протресете и потчукнете од масата.

Одозгора наросете со малку ореви (4 лажици крупно мелени) па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути.

За тоа време пригответе го шербетот. Во тенџере ставете:

2 чаши (од 200 мл) шеќер
3 чаши (од 200 мл) вода

После 15 минути вриење на умерена температура додајте сок од половина лимон ( и кората). Млакиот испечен колач полека залијте го со топлиот сируп.

Оставете целосно да се олади, а за тоа време сиот шербет ќе биде апсорбиран. Сечете и послужете…На здравје сладење! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.