Фото и рецепт: Надежда Кандиќ – Најдобриот рецепт за масно тесто, овојпат колачот го направив со праски. И благодарам на Јасна Николиќ за рецептот, навистина ова е најдобриот рецепт за масно тесто. Колачот може да приготвува со вишни, цреши, малини, праски…
Овојпат го направив со праски, а може со било кое друго овошје: вишни, малини, јагоди, јаболка, кајсии, боровинки… Ако некое парче ви преживее преку ноќ, следниот ден е уште поубаво.
Потребни состојки: 3 јајца, 2 чаши (од 200 мл) шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 чаша масло, 1 чаша млеко (или јогурт/кисело млеко), 3 чаши брашно, 1 прашок за печиво и 4 праски или овошје по ваш избор
Постапка: Одвојте ги белките и пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќерот. Матете доволно долго со миксерот додека шеќерот целосно да се растопи и да добиете цврст снег. Во снегот од белки додадете го ванилиниот шеќер, а потоа и една по една жолчките, постојано матејќи со миксерот додека да се соединат во снегот.
Намалете ја брзината на минимум, па додадете ги маслото, па млекото, а наместо млеко може јогурт или кисело млеко. Колачот е дури и поубав и помек. Во брашното промешајте го прашокот за печиво, па заедно просејте ги во смесата од јајца. Промешајте со лажица или шпатула.
Смесата можете да ја матите и со електричен миксер, но употребете најслаба брзина, а матете додека целосно да се изедначат состојките. Добиената смеса ззлејте ја во подлабока тепсииа или плех со средна величина, па одозгора наредете ситно сечкано овошје по желба.
Ако овошјето е доста сочно, тогаш пред да го ставите во тестото, извалкате го во мешавина од гриз со ванилин шеќер. На тој начин нема да пропадне до дното. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени додека да зарумени одозгора.
Фото и рецепт: Надежда Кандиќ