Нема ништо подобро од врела пита тукушто извадена од фурна од кој се шири неодолив привлечен мирис. Таква е и оваа лесна, едноставна гибаница. Имаме повеќе рецепти за приготвување на оваа пита со готови кори, а овојпат ви го претставуваме рецептот на Јелена.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови тенки кори, 200 г ситно сирење, 250 мл кисело млеко, 3 јајца и 50 мл масло. ПОСТАПКА: Сирењето иситнете го на крупни парчиња со помош на виљушка или прсти. Во киселото млеко додајте јајца и масло и изедначете. Плехот со големина 40х20 премачкајте го добро со масло.




Секоја кора згужвајте ја здиплено како хармоника и редете по должина во плехот. Ставете сирење помеѓу рабовите. Прелијте со мешавината од кисело млеко и јајца, па протресете за да се распореди еднакво.




Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 50 минути убаво да порумени. Изладената гибаница сечете ја и послужете со јогурт. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Прочитајте го и следниот рецепт за експресно брза гибаница, само редиш и печеш.




Рецептот го добив од свекрвата на сестра ми, често го правам поради вкусот и брзата подготовка. Мислам дека ова е најбрзиот рецепт за гибаница, а резултатот е одличен, уверете се и сами.




Потребни состојки: 500 г готови кори, 350 – 500 г сирење, 100 мл јогурт, 100 мл газирана вода, 4 јајца, 100 мл масло и сол.

Постапка: 1.Изматете ги јајцата, јогуртот и киселата вода, малку посолете. 2.Во намастена тепсија ставете една третина од корите, но секоја кора посебно по малку испрскајте ја со врело масло. 3.Потоа ставете половина од сирењето, повторете ја постапката, повторно кори кои ги прскате со врело масло, па сирење и на крај третиот ред кори.




4.Гибаницата исечете ја на коцки со остар нож, па горната кора исто така испрскајте ја со врело масло и прелијте со смесата од јајца. Оставете некое време да впијат корите и ставете да се пече околу 35 минути на 180 степени, додека добие златно жолта боја. А подолу ви претставуваме уште еден одличен рецепт: Гужвана пита: Најдобрата гибаница со сирење




Одлична брза гужвана пита со сирење, за појадок, ручек или вечера. Многу е вкусна, а може да се послужи со јогурт или кисело млеко.

Потребни состојки: 500 г готови кори, 4 јајца, 300 г младо сирење, 150 г кајмак, 200 мл масло, 200 мл газирана, минерална вода и сол по потреба. Постапка: во подлабок сад изматете 4 јајца со маталка или виљушка, па додајте 200 мл масло и уште малку изматете.




Во смесата додајте 5 лажици кајмак, па откако ќе промешате и ќе се изедначат состојките, додајте и 300 г меко, младо сирење. Иситнете го сирењето па додајте 200 мл газирана вода. Промешајте кратко. Од половина килограм кори одвојте две, а остатокот отворете ги на работна површина, па со остар нож исечете ленти со широлина од 2-3 см.




Исечените ленти ставете ги во смесата од јајца и промешајте за убаво и рамномерно да се натопат. Намастете ја тркалезната тепсија и обложете ја со две кори кои од половината натаму ќе висат надвор од тепсијата. Премачкјате ги со масло, па целата содржина од сечените ленти и смесата со јајца излејте ја внатре.




Израмнете и покријте со корите кои висеа од страна. Одозгора премачкајте со масло, па ставете ја гибаницата да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.