Потребни состојки:
1 кг готови кори за баклава
500 г мелени ореви
500 г сечкани ореви
1 кг шеќер
250 г путер (некои прават со 500 г путер, ова е по избор)
2 лимони
1 стапче ванила или 2 ванилин шеќер
Постапка:
Растопете го путерот за да можете да ги прскате корите.
Оревите измешајте ги со 250 г шеќер.
Во плехот наредете 5 кори и секоја испрскајте ја со растопен путер.
Потоа продолжете, но на секоја втора кора ќе наросувате и ореви без путер за да не се лепат.
Вака продолжете до крај, а одозгора треба да ставите три кори. Испрскајте ги и нив, со остар нож исечете баклави или тријаголници.
Загрејте ја рерната на 150 степени и печете ја баклавата додека да добие златно-бронзена боја. Во зависност од рерната, некој и ја печат 10 минути на 200, па потоа намалуваат и ја допекуваат до крај, уште 50 минути на 150 степени.
Остатокот од шеќерот, значи 750 г шеќер и исто толку вода, да се прекрие шеќерот со еден прст, ставете на оган да зоврие и варете 5 минути. Додадете стапче ванила и тркалца лимон со извадени семки. Стапчето извадете го пред полевање.
(алтернативен начин за полевање на баклавата, за да биде крцкава, а да не се деформираат горните слоеви, коментар: “Se poleva so zovrien margarin I zejtin pred pecenje se pece 10 min na 200’c I uste 50 min na 150’c se vari serbet i vrel se istura vrz vrelata baklava se isklucuva rernata I se vraka nazad vo rerna do oladuvanje)
Топла баклавата ја прелевате со топол шербет (некои преферираат ладен, но во мојот рецепт пишува топло со топло), одозгора редете трклацата лимон, и оставате така убаво да излади и да го впие шербетот.
Баклавата е најдобро да се послужи следниот ден.
ВАШИ КОМЕНТАРИ:
Корисен коментар за тоа како да ви остане крцкава баклавата а да не се деформира горниот слој: “Se poleva so zovrien margarin I zejtin pred pecenje se pece 10 min na 200’c I uste 50 min na 150’c se vari serbet ivrel se istura vrz vrelata baklava se isklucuva rernata I se vraka nazad vo rerna do oladuvanje”
Коментар на Јончевска Билјана: “За да не се извиткува горниот слој треба газирана вода пред печење”