Постојат разни рецепти за уштипци, но овие дефинитивно најбрзо се прават, па затоа се одлично решение за ненадејни гости.

Потребни состојки:

2 шолји брашно

2 јајца

200 мл јогурт

1 прашок за печиво

1/2 лажица сол

1 лажичка шеќер

Постапка:

Јајцата изматете ги со јогурт.

Додадете шеќер, сол, прашок за печиво и брашно.

Замесете густа смеса која можете да ја вадите со лажица.

Оставете да отстои половина час, па вадете со лажица и пржете во врело масло додека да заруменат.