Штитната (тироидна) жлезда има многу важна и сложена функција во нашиот организам, а тука спаѓа и:
-одржувањето на нормалниот метаболизам на сите клетки,
-правилна апсорпција на гликозата,
-синтеза на белковини,
-фрекфенција на срцевата активност, а со самото тоа и на циркулацијата на крвта во организмот и уште многу други функции.
За лекување на штитната жлезда може да помогне чајот и облозите од иванско цвеќе кое може да се купи во билните аптеки.
Чајот се приготвува на вообичаен начин, една мала лажичка иванско цвеќе се прелива со една шолја врела вода и се остава поклопено неколку минути. Потоа се процедува и се пие трипати дневно.
Напоредно треба да се прави гаргарење, односно да се испира грлото со посилен чај од оваа билка, колку можете почесто во текот на денот.
За да биде ефектот уште подобар, на вратот каде што се наоѓа штитната жлезда, треба да се ставаат облоги од иванско цвеќе.
Облогата се приготвува така што целата билка (во облик на мала ќитка), само кратко се прелива со врела вода (колку да омекне и да се ослободат етеричните масла) и веднаш топла се става на памучна ткаенина.
Кога доволно ќе излади се става директно на кожата од вратот и се фиксира со ткаенината. Се остава да делува околу еден час, неколкупати во текот на денот. Доколку е можно, најдобро би било болниот за тоа време да мирува во кревет.