Само оној кој имал или има проблеми со хемороиди знае колку би значело доколку се пронајде некој ефикасен лек кој ќе делува брзо и ефикасно.

И досега објавувавме рецепти за лекување на хемороиди по природен пат. Меѓутоа, еден читател ни покажа една билка која нему му помогнала да ги надмине проблемите со хемороидите.

Тој користел разни креми и масти за лекување, но резултатите биле слаби или никакви. Еден ден негов познаник му покажал една трева-коров која расте речиси во секоја градина и му кажал дека таа трева е одличен лек за неговата болест.

Ја набрал тревата и направил чај, па веќе следниот ден забележал дека состојбата значително му се подобрила. За неколку дена од хемороидите останале само грди спомени.

Бидејќи тој не го знаел вистинскиот назив на оваа трева, направил неколку фотографии од истата за да видиме за која билка станува збор.

Начин на приготвување:

Нашиот читател вели дека нема некои одредени мери, туку дека бере една шака од тревата (може и свежа и сушена), па ја прелива со зовриена вода. Напоменува дека чајот има малку лош мирис кога се пие, но затоа пак, резултатите се фантастични.

Оваа билка му ја препорачал и на својот сосед. Тој имал некој вид операција на дебелото црево и имал страшни болки.

„Отидов да го посетам и видов дека страшно го боли бидејќи плачеше пред мене. Го прашав дали би го пробал чајот од оваа трева. Ми рече дека би пробал и го*на од септичка јама само да престане да го боли. Отидов дома и му донесов од тревата, за да си прави чај.

Следниот ден повторно го посетив, а тој ми рече дека после чајот заспал како мало бебе. Тоа била прва ноќ после долго време, да не чувствувал болки. Верувајте ми, оваа трева е чудо, бидејќи покрај хемороиди, благотворно делува и на сите проблеми со дебелото црево.“

Се надеваме дека некому му помогнавме, погледнете ги добро фотографиите за да видите за која билка станува збор. Ако сте ја пробале, пишете ни во коментар за ефектите и резултатите.

За билката прочитајте повеќе:

Galinsoga parviflora

https://en.m.wikipedia.org/wiki/Galinsoga_parviflora