Оман билката има својства да го смирува желудникот, да ги чисти бронхиите, да помага во одбра ната против вирусите и паразитите. Лековитата билка можете да ја набавите од било која билна аптека, а доколку имате градина, можете и сами да ја одгледувате.

Inula Helenium е латинското име на оваа билка која и го должи на истоимената античка убавица. Одамна се користи како народен лек и лесно е достапна. Може да ја одгледувате во вашиот двор, да го собирате нејзиното семе и повторно да си го одгледувате и користите директно од својата градина.

Од оваа билка можете да приготвувате чај, разни тинктури и мевлеми. Коренот на билката може да се кандира и да се користи како закуска меѓу оброците. Претставува одлично козметичко средство, па уште одамна старите англосаксонци оманот го употребувале за лекување на кожни заболувања, па дури и на лепра.

Во оваа статија ви го откриваме рецептот за чис-тење на белите дробови и диш-ните патишта. Станува збор за една многу лековита билка која малку е подзаборавена кај луѓето, а во фар-мацијата се користи за изработка на медика-менти кои служат лекување на бели дробови и за смирување на кашлица.

Особено се препорачува за лекување на астма и бронхитис. Во случај на сува кашлица оваа билка помага во раз-бивање на слузта и поттикнува нејзино исфрлање. На тој начин ги прочис-тува белите дробови и го олеснува ди-шењето.

Оман (лат.Inula helenium) е лековита билка која со векови се користела во природната, холистичка медицина. Расте на ливади и покрај патишта. Може да порасне и до 2 метри, а нејзините цветови се жолти и малку потсетуваат на цветот од сончогледот.

Лековитиот дел од билката е коренот кој има пријатен мирис но, горчлив вкус. Најмногу се користи за изработка на природни лекови за дишни патишта, односно како што веќе споменавме, за чис-тење на белите дробови и лекување на кашлица.

Оман содржи етерични масла (камфор, хеленин), инулин, алантонинска киселина, сесквитерпенски лактони, сапонини, стероли и пектин.

Есенцијалните масла од оманот се користеле за лекување на кашлица кај тубер-колоза, а искуствата покажуваат дека неговиот корен помага во лекување на настинки, грип, пнев-монија, бронхитис, астма и плевритис.

Оманот може да се користи како тинктура, чај, како есенцијално масло и како комбинација со други лековити природни намирници. Еден од познатите лекови од оман наменет за здравје на белите дробови и дишните патишта е комбинација од мед и коренот од оваа билка.

РЕЦЕПТ: МЕД И КОРЕН ОД ОМАН

Коренот од оман исчистете го добро, исечкајте го на парчиња и ставете го во тегла. Потребно е половина тегла од 750 мл да ја исполните со корен, а потоа другата половина да ја исполните со мед.

Превртувајте ја теглата неколку денови на една страна, па на друга страна, за да можат состојките да се соединат. После неколку денови лекот може да се користи и се препорачува да се чува во фрижидер.

Додека медот ги ублажува ирита-циите во грлото и белите дробови, оманот има антибактериско дејство и успешно ја раз-бива слуз-та во белите дробови. Кога имате проблем со кашлица, а може и превентивно, секој ден кон-сумирајте по една лажица од овој природен лек.

ПРИРОДЕН МЕВЛЕМ ЗА РЕСПИРАТОРНИ ПРОБЛЕМИ

Кашлица, астма и бронхитис се состојби кај кои чајот приготвен од корен на оман многу помага. Тој го олеснува искашлувањето и исфр-лањето на слузта од бронхиите. Како лек за диш-ни органи се користи и за инха-лирање.

Рецептот е едноставен:

Во вода сварете 100 г корен од оман, а потоа наведнете се врз садот и длабоко вди-шувајте ги благотворните испа-рувања.

Инха-лацијата ја смирува надраз-нетата слузокожа на грлото и спречува сува кашлица. Оман билката содржи фитохемикалии кои благотворно влијаат врз бронхиите, па се користи како лек за бронхитис, бронхијална астма и тубер-колоза. Спречува спа-зам на бели дробови.

КАКО СЕ ПРАВИ ЧАЈ ОД ОМАН

Половина лажичка издробен корен од оман прелијте со шолја врела вода. После 10 минути процедете го чајот.

Втор начин: три лажици сув корен од оман прелијте со 600 мл ладна вода, па оставете поклопено да отстои два часа. Потоа процедете го. Бидејќи има малку горчлив вкус, добро е да го засладите со малку мед или стевија.

ПРИРОДЕН СИРУП ЗА КАШЛИЦА

50 г корен од билка сварете во 500 мл вода. Откако ќе зоврие оставете на тивко да се вари 20-тина минути. Потоа, додека е сè уште топол исечкајте го и измешајте го со половина кг мед. Оман билката е универзален лек против настинки, грип и за јакнење на имунитетот кај деца. Како се приготвува чајот погледнете во видеото ОВДЕ.