Ретко која жена не се соочила со уринарна бактерија барем еднаш во животот. Оваа состојба ретко се јавува кај мажите, а 80% од случаите инфекцијата е предизвикана од бактеријата Ешерихија коли, а во останатите 20% станува збор за Протеус мирабилис и Стафилококите.
Бактериите може да го зафатат кој било дел од уринарниот тракт од бешиката до мочниот канал, бубрезите.. Најчесто овие бактерии се многу упорни и потребно е подолго време за да се излечат.
Најголемиот проблем при присуство на бактерии во урината е тоа што често се враќаат, а ако сте лесно подложни може да траат и со години и да се вратат штом помислите дека сте се излечиле.
На своја среќа, природното лечење на овие бактерии дава одлични резултати. Може да се третираат сосем природно. Постојат многу причини за настанување на уринарните инфекции.
Како на пример, бактеријата Ешерихија Коли живее природно во нашите црева и помага во варење на храната. Но, оваа бактерија може лесно да заталка во уринарниот тракт. Затоа треба да се обрати внимание на правилно бришење после вршење нужда.
Ако пиете малку вода во текот на денот, поверојатно е дека ќе ја добиете оваа уринарна инфекција. Овие бактерии најчесто се антибиотски резистентни и не секогаш можат да се излечат со соодветната терапија.
Симптомите на уринарна инфекција најчесто се пецкање при уринирање, густ секрет, непријатен мирис на урината и секретот, матна урина, б олка во долниот дел на стомакот, пречесто мокрење, изненадна потреба за мокрење со мала количина на урина, б олка под рербата, висока температура и гадење.
Во најтешките случаи присутни се и м ачнина и пов-раќање. Бактериската уринарна инфекција може да се манифестира и асимптоматски. Лекувањето е неопходно во двата случаи.
Асимптоматските уринарни инфекции доколку не се лекуваат може да предизвикаат проблеми за идните трудници или оние кои имаат проблеми со бубрезите. Чувствителната група секако се тестира претходно со анализа на урина пред давање на одредена терапија.
Уринарните бактерии кај жената се честа појава. Причината за тоа е во биологијата. Жените имаат помал мочен канал од мажите, затоа бактериите се повеќе подложни да стигнат до женскиот канал.
Кај децата, уринарните бактерии можат да проследат и други компликации. Симптомите се поизразени отколку кај возрасните. Покрај специфичниот мирис на урината, пец-кањето, зголеменото чешање, децата го губат апетитот.
Имаат висока температура, б олка во стомакот, намалена енергија, пов-раќање.. Уринарните бактерии кај бебињата може да пројават и траги од к рв на пелената. Ако забележите некој од овие симптоми, треба веднаш да реагирате и да го однесете детето на лекар.
Уринарните бактерии кај децата лесно стигнуваат до бубрезите и затоа што побрзо мора да се започне со лекување. После од-нос, најдобро е веднаш да уринирате и да се истуширате бидејќи на овој начин лесно ќе ја отстраните бактеријата која стигнала до мочниот канал.
Уринарната бактерија за време на бременоста може да предизвикаат дополнителни компликации. Важно е веднаш да се започне со нивно лекување бидејќи трудниците имаат намален имунитет, а со тоа се повеќе подложни на инфекции и постојано уринирање. Трудниците мора да пијат многу вода и да јадат здрава храна за да спречат појава на уринарни инфекции. Најчеста инфекција за време на бременоста е Ешерихија Коли.
Киселата средина претставува идеална подлога за развој на уринарните бактерии. За да се отстраните од стафилококните или Ешерихија Коли бактеријата потребно е организмот да го направите базна средина.
Најпрво треба да ги исфрлите секојдневните навики како што се пу-шење и пи-ење многу кафе. Пијте повеќе вода и незасладени чаеви. Јадете свежо овошје и зеленчук. Избегнувајте индустриски обработена храна.
Сода бикарбоната е одлична за лекување на уринарните инфекции по природен пат бидејќи овозможува базна средина. Консумирајте така што во чаша со 200 мл вода ќе ставите една лажичка сода бикарбона. Промешајте и пијте по 1 чаша дневно.
Чајот од брусница е исто така одличен лек за уринарните бактериски инфекции. Брусницата изобилува со витамин Ц, но исто така има и антивоспалително и антимикробно дејство. Се што треба да направите е да сварите 2 чаши чај со сува брусница.
Чајот од магдонос е најдоброто природно решение за уринарните инфекции. Во 200 мл вреча, зовриена вода додајте 2 листа свеж магдонос. Магдоносот е одличен за уринарните бактерии и инфекции и за бубрезите.
Увин чај или чај од мечкино грозје за уринарните инфекции. Има необичен и остар вкус, но многу помага. Лажичка сув лист од мечкино грозје додајте во 200 мл врела, зовриена вода. Консумирајте го чајот двапати во денот во период од една седмица.
Чај за уринарни инфекции кај децата – рецепт
За деца и трудници се подготвува чај од коњско опавче. Една лажичка од билката додајте ја во 200 мл зовриена вода. Поклопете и по 15 минути процедете. Овој чај е одличен за бактериските инфекции и има благ вкус кој ќе им се допадне на децата. За најдобри ефекти се пие без засладувач.
Не ги кон-сумирајте овие чаеви доколку пиете одредена терапија. Најдобро е да се консултирате со лекар пред да започнете со природното лекување бидејќи некои чаеви може да направат интеракција со лековите.
Потребно е да пиете многу чаеви и да го хидрирате телото со многу вода. Најлековит е увиниот чај (мечкино грозје) како најдобар лек за превенција на сите уринарни бактерии. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска