Смоквите во маслиново масло се најдобриот лек кога станува збор за бактерии во желудникот. Во стаклена тегла се ставаат сувите смокви, а потоа се прелеваат со квалитетно, домашно, нерафинирано (ладно цедено, девствено) маслиново масло. Смоквите можете и да ги сечете на четвртини…во продолжение можете да го прочитате оригиналниот рецепт.
Една од најчестите причини за воспаление на желудникот и воопшто на било какви стомачни тегоби, е токму бактеријата Helicobacter pylori, патогена грам негативна, спирална и подвижна бактерија откриена во 1982 од австралиски научници. Дотогаш, лекарите сметале дека причина за симптомите на гастритис се стресот, лутата, киселата храна, ал-ко-холот, пушењето итн.
H.pylori предизвикува повеќе од 90% од чиревите на дебелото црево и до 80% од чиревите на желудник. Таа е екстремофил, една од ретките приспособени бактерии за живот во екстремно кисели услови, како оние во желудникот. Поседува посебни ензими (уреази) кои за неа креираат помал простор со погодна pH вредност.
Голем дел од луѓето се носители на оваа бактерија (која станува и дел од природната микрофлора), но не се свесни бидејќи не им предизвикува никакви симптоми или инфекција. Таа освен во дигестивниот тракт, пронајдена е и во ситните ранички во усната шуплина, забните наслаги, плунката и столицата.
Под дејство на одредени фактори како што се стресот, неправилната исхрана, ал-ко-холот, пушењето и слично, бактеријата може експоненцијално да се размножи и да започне да предизвикува штета.
Симптомите тие најчесто вклучуваат: чувство на горење во стомакот; стомачна болка која е поинтензивна кога желудникот е празен; мачнини и повраќање; загуба на апетитот; често подригнување; надуеност на стомакот; слабеење без видливи причини.
Можни се и потешки симптоми, резултат на компликации со чиревите, нивно кр-варење и слично, а доколку се појават треба веднаш да се јавите на лекар: тешка и конзистентна болка во стомакот; значително отежнато голтање; кр-вава или многу темна столица; кр-ваво или темно повраќање; отежнато дишење и дезориентираност.
Вообичаено терапијата вклучува комбинација од два различни антибиотици, заедно со лек кој ги намалува концентрациите на стомачната киселина. По 10-тина, прекинува антибиотската и продолжува терапијата со т.н. блокатори на протеинската пумпа, односно медикаметите кои го намалуваат лачењето на желудочната киселина.
Доколку и по завршувањето на терапијата пациентот повторно има симптоми, односно бактеријата е сé уште присутна, се повторува истата терапија, но со друг антибиотик, со што понекогаш на пациентот му се причинува поголема штета отколку корист. Поради долготрајната антибиотска терапија може да се појави оштетување на цревата флора, дијареа, габични инфекции и резистентност на долгорочен план.
За среќа природната медицина има многу ефикасен лек кој е и многу едноставен. За лекување се користат суви смокви во комбинација со маслиново масло. Познато е дека смоквите се употребувале пред повеќе од илјада години, но од непознати причини денес се помалку запоставени во исхраната.
Сувите смокви се исклучително богати со витамини од Б групата, но и со витамините А, К, Ц и Е. Дополнително содржат и високо ниво на селен, цинк и калциум, а познати се и како извор на антиоксиданси.
Покрај тоа што одлично влијаат на подобрувањето на работата на желудникот и ги регулираат хормоните, сувите смокви во маслиново масло важат за еден од најдобрите природни лекови за подобрување на плодноста, лекуваат бактерија во желудник, хемороиди и цревни заболувања.
Се подготвуваат многу едноставно, а потребни ви се толку суви смокви колку што собира во тегла која сте ја одбрале. Маслиново масло ви е потребно во количина која е доволна за да се прелијат смоквите.
Во стаклена тегла наредете ги сувите смокви (можете да ги исечете на четвртинки за поубаво да се соединат состојките со маслото), па потоа претурете маслиново масло да ги покрие смоквите, затворете ја теглата и оставете ја така да отстои цел месец.
Дури потоа можете овој природен лек секојдневно да го употребувате консумирајќи по една сува смоква пред секој оброк, заедно со една лажичка од маслото. Доколку не ви се допадне вкусот на природниот рецепт, имајте во предвид дека е исклучително здрав иако нема баш пријатен вкус.
Благотворното дејство на смоквите: помагаат во регулација на работата на гастроинтестиналниот тракт; високата концентрација на влакна во смоквите помага при слабеење и чистење на организмот од токсини;
Смоквата е богата со калциум кој лесно се апсорбира и токму затоа се незаменливи за луѓето со нетолеранција на лактоза; калиумот, кој е обилно присутен во смоквите, го зајакнува срцето;
Сувите и свежите смокви содржат големо количество на антиоксиданти кои го подобруваат имунолошкиот систем и општото здравје; ја подобруваат општата здравствена состојба на кожата и го изедначуваат тенот на лицето; се сметаат за одлично средство за лекување на несоница и утрински мачини.
Оригинален рецепт за природен лек од смокви
Потребни состојки: 40 суви смокви и маслиново масло
Подготовка: ставете ги смоквите во стаклена тегла и прелијте ги со маслиново масло. Затворете го садот со капак и оставете го во фрижидер. После 40 дена веќе може да го консумирате овој лек.
Примена: 1 смоква заедно со малку маслиново масло на празен желудник. За лекувањето да биде што поефикасно, потребно е исхраната да ја ускладите со лекувањето. Јадете варена, лесна храна без премногу зачини, без прекисело и прелуто. Одбегнувајте месо и сувомеснати преработки. Јадете што повеќе свежа храна.
Коментар на Magda Miloseska: „40 зрели смокви и 700 мл ладно цедено маслиново масло се остава да стои 40 дена. Потоа една лажица наутро со сок од еден лимон и две коцки шеќер. Се пие 40 дена без прекинување. Проверено успешно! Се пие и напролет и наесен, двапати годинишно…проверено“