Досега сме објавиле повеќе рецепти за подготвка на домашен „еурокрем“, а денешниот рецепт и нов, и се чини еден од најдобрите досега. Се подготвува за само 10 минути, што значи дека ќе потрошите само малку време и состојки. Пробајте и уверете се сами, а како резервен план, ќе прикачиме уште некој од најпопyларните рецепти. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл млеко, 200 г несолен путер, 250 г млеко во прав, 100 г шеќер во прав, 100 г бело чоколадо, 100 г темно/црно чоколадо, 1 мала лажичка екстракт од ванила

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г вода, 300 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 1 лажичка ванилин екстракт, 200 г кокосово масло/маст, 200 г млеко во прав, 100 г лешници, 2-3 лажици какао во прав и по желба 100 г бело чоколадо (не мора да се стави).

РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 200 г квалитетн несолен путер, 6 лажици брашно, 6 лажици какао во прав, 200 г шеќер во прав, 1 јајце, 200 г истостиран лешник




ПОСТАПКА за рецепт 1: во едно тенџере ставете 200 мл млеко и 100 г шеќер во прав. Промешајте. Путерот (200 г) исечете го на коцки и додајте го во млекото. Ставете на умерено тивка температура за постепено да се растопат шеќерот и путерот. Кога смесата ќе зоврие тргнете ја од огнот.




Продолжете со мешањето за да може растопениот путер да се соедини со млекото. Потоа додајте малку течен екстракт од ванила, или две кесички ванилин шеќер. Потоа во топлата смеса започнете постепено да го додавате млекото во прав (250 г) додека непрекинато мешате со жицата-маталка.




Кога целосно ќе се растопи млекото во прав и нема да останат грутчиња, во смесата додајте го белото чоколадо искршено на коцки. Повторно промешајте додека чоколадото да се растопи и инкорпорира во целата смеса која сè уште е топла.




Половина од смесата претурете во сад со 100 г темно чоколадо искршено на коцки и промешајте додека тоа да се растопи и соедини. Двете смеси, белата и темната, истовремено истурете ги во тегла и оставете да се стегне и олади. Деталите погледнете ги ОВДЕ. Постапката за вториот рецепт е следна:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Претходно испечените/истостирани лешници сомелете ги и изблендирајте ги долго, додека да се претворат во крем. На оган ставете да се загрева вода, шеќер, ванила и бело чоколадо додека да се растопат и соединат состојките. Оставете настрана малку да се подизлади.




Во сирупот додајте го млекото во прав и кокосовата маст, па убаво изедначете. Во половина од смесата додајте какао во прав и измешајте. Складирајте ги двете смеси истовремено. Постапката за третиот рецепт се чини е најлесна:




ПОСТАПКА за рецепт 3: Ситно сомелете го лешникот. Соединет ги брашното, какаото и шеќерот во прав. Во мешавината додајте половина литар млеко и јајце, а остатокот од млекото ставете го да зоврие. Сварете ја смесата како пудинг и додајте го мелениот лешник. Тргнете од оган кога ќе згусне, додајте го путерот и промешајте, а кога ќе се олади измиксајте го со миксер.