Едноставен рецепт за уштипци – брз појадок или вечера кој многу лесно се приготвува. Можат да си го приготват и почетници во кујната. Овој „викенд“ појадок ќе го израдува вашето семејство. „Мекици“, „пишии“, „уштипци“ или „погачици“ се печива од тесто кои се приготвуваат на лесен и едноставен начин.
Ова е рецепт за набрзи и најдобри домашни уштипци кои се подготвуваат без млеко и јајца. Овие уштипци брзо се прават, однатре се воздушести. Станува збор за старински рецепт, кога немате идеја што да направите за појадок или вечера, ова е одлично.
Јас рецептот го подготвувам без млеко и јајца, потребно ми е само малку брашно, вода, свеж квасец… И готови се. Споделете си го рецептот со пријателите, навистина е многу добар. Еве што ви е потребно за да ги подготвите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г брашно, 350-400 мл млака вода, 1 сув квасец (8 г) или 20 г свеж квасец, 1 мала лажичка сол, 1 мала лажичка шеќер, масло за пржење. Уштипците може да ги комбинирате со сиренце, сувомеснато, ајвар, хумус или само со јогурт.
ПОСТАПКА: За овие уштипци не треба месење, сите состојки се мешаат и потоа се пржат во масло, всушност тестото се спушта со помош на лажица. На овој начин се спремаат оригинално, не излегуваат многу масни и навистина се многу вкусни.
Во еден подлабок сад каде што треба да го замесите тестото ставете малку вода, околу 100 мл, а потоа додајте го квасецот, сув или издробен ако е свеж. Додајте 2 лажици брашно и 1 мала лажичка шеќер. Измешајте ги состојките додека да се соедини смесата, а потоа оставете смесата да се запени, додека квасецот да се активира.
Кога квасецот, ќе биде подготвен, додајте го остатокот од водата, напрво додајте уште 250 мл, па потоа додавајте го постепено брашното, додека постојано месите со дрвена лажица. Додека мешате ќе ја забележите конзистентноста на тестото кое нема да биде класично ,,собрано” тесто.
„Разлеаното“ тесто треба да има погуста конзистентност. Кога вака ќе го подготвите, при крајот додајте сол и измешајте. Покријте го тестото со памучна крпа и оставете да отстои додека да се удвои двојно од својата величина.
По изминатото време, промешајте го уште малку и оставете да отстои уште 15 минути додека да подигне пак. За тоа време може да си подготвите масло во тенџере, да биде подлабоко и да оставите да се загрее.
Со помош на лажица која ќе ви служи како мерка, спуштајте го тестото во загреаното масло. Пржете ги уштипците додека да поруменат, прво од едната, а потоа од другата страна. Уштипците вадете ги на чинија со хартија за печење за да се исцедат од вишокот масло.
Доколку ги сакате благи уштипците, може да ги наросите одозгора со шеќер во прав. И на тој начин многу се вкусни, буквално може да ги комбинирате со што и да сакате. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.