Сите знаеме дека оригиналната баклава се приготвува само со ореви, но има и други видови на баклави кои едноставно мора да ги пробате, зошто не можете да им одолеете. Таква е и оваа баклава со мелена плазма. Има вкус што не може да се опише! Подолу можете да прочитате за масна и посна верзија на оваа баклава.
I РЕЦЕПТ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г кори, 300 г мелени бисквити (плазма), 3 јајца, 5 лажици шеќер, 5 лажици масло, масло за прскање на корите. ШЕРБЕТ: 1 литар вода, 800 г шеќер, 1 лимон
ПОСТАПКА: најпрво сварете го шербетот. Ставете ги водата и шеќерот да провријат, потоа додајте го лимонот исечен на тркалца и варете уште 5 минути, не треба да биде густо. Сварениот сируп тргнете го на страна и оставете го целосно да се олади.
Во посебен сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека тој да се растопи, потоа додајте масло, па уште малку изматете со миксерот, и на крај додајте ги мелените бисквити. Промешајте со лажица или шпатула додека да се изедначат состојките. Смесата ќе биде густа.
Пребројте ги корите и поделете ги, за секој ролат ќе ви бидат потребни по три кори (јас имав 18 кори, ми излегоа вкупно шест ролати). Првата кора испрскајте ја со малку масло, ставете врз неа втора кора, попрскајте ја и неа, па одозгора ставете ја и третата кора.
Врз третата кора ставете од смесата со бисквити, надолжно (тешко се размачкува бидејќи е густа, па со прсти ќе си помогнете), односно долж целиот еден крај на кората. Цврсто свиткајте во ролат и редете во намастен плех. Постапката повторете ја со остатокот од корите.
Ролатите исечете ги со големина по ваша желба, можете да ги правите и со големина на залак, но за тоа ви е потребен многу остар н ож. Секој ролат во плехот малку премачкајте го со масло и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, додека убаво да зарумени.
Врелата баклава извадете ја од рерната и со помош на кутлача постепено прелијте ја со изладениот шербет. Оставете ја баклавата добро да се олади и да го впие шербетот. Добро изладете ја и уживајте во вкусот. Најдобра е кога добро е изладена во фрижидер, не е многу слатка за да ви се слоши, сочна е и брзо се прави. / coolinarika.com
II РЕЦЕПТ Баклава во ролнички со плазма и ореви – неодолива. Рецепт и видео презентација на „Ризница тајни”- Баклава во ролнички со плазма и ореви.
Сите ја сакаат класичната редена баклава која се приготвува само од ореви, но ова е една верзија која навистина го заслужува вашето внимание. Се витка во ролнички и многу е сочна и вкусна.
Потребни состојки: кори за баклава, 200 г мелени ореви, 200 г мелена плазма, 2 лажици шеќер, 4 лажици гриз, 100 мл масло, 1 шолјичка лимонов сок. И уште: 100 мл масло, 100 г путер/маргарин. За сируп: 600 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 лимон и 700 мл вода
Постапка: најпрво пригответе го сирупот за да има време да излади. Во еден сад ставете 600 г шеќер и налијте со 700 мл вода. Варете го 20 минути па пред крајот додајте една лажичка ванилин шеќер и еден лимон исечкан на парчиња. Тргнете го на страна да се лади.
Во подлабок сад измешајте ги мелените ореви, мелената плазма, гризот и останатите состојки. Добро соединете за да се изедначат состојките. На страна измешајте ги растопениот путер и маслото.
Отворете ги корите: Една кора премачкјате ја преку целата површина со мешавина од масло и путер, поклопете со втората кора и повторете ја постапката. На едниот крај наредете фил, па внимателно започнете со виткањето на ролната.
Постапката продолжете ја додека имате материјал, а тенките ролнички редете ги во намастен плех. Исечете ги на големина по ваша желба, а потоа премачкјате ги со остатокот од растопен путер и масло.
Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, а потоа уште половина час на 150 степени. Печената баклава прелијте ја со претходно приготвениот сируп. Оставете ја убаво да го впие сирупот, изладете ја и послужете ја. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.