Сникерс тортата има толку добар вкус и изглед што секого ќе го привлече уште со првиот залак. Подготовката не е комплицира, но сепак бара малку повеќе време зашто се приготвуваат повеќе слоеви. Се прават какао кори, карамел фил со кикирики, бел кремаст фил, како и чоколаден дел со кикиркики.
Ако се мислевте каква торта да направите за следната свечена пригода, погледнете го нашиот предлог, сигурно ќе ви се допадне, зашто оваа торта е идеална, особено ако ги сакате сникерс чоколатцата. Сникерс тортата е идентична на нивниот вкус, исто како да ги јадете со виљушка. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 90 г шеќер, 1 мала лажичка екстракт од ванила, 25 г несолен путер, 30 мл млеко, 75 г брашно, 15 г какао во прав. ЗА КАРАМЕЛЕН ФИЛ: 120 г шеќер, 55 г несолен путер, 85 г слатка павлака, 1 прстофат сол, 100 г истостирани кикирики
ЗА ЧОКОЛАДНА ГЛАЗУРА: 100 г чоколадо, 100 мл слатка павлака, 100 г кикирки. ЗА БЕЛ ФИЛ: 200 мл слатка павлака, 30 г шеќер во прав и 200 г крем сирење (маскарпоне, филаделфија, абц или некое друго по ваш избор)
ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете вода да зоврие, па врз пареата ставете друг сад и во него скршете ги трите јајца и додајте го шеќерот и ванилата. Матете со жица маталка додека јајцата да се загреат, а шеќерот да се растопи. Потоа садот тргнете го од оган (од пареата) па пенасто изматете ги со миксер.
Матете ги неколку минути додека да добиете фина, густа и кремаста светка смеса. Помешајте го брашното и какаото во прав, па додајте ги просеани и внимателно промешајте со кујнска шпатула. Движењата е важно да бидат бавни, со црпење од долу кон нагоре и малку протресување.
На овој начин сувите состојки ќе се соединат со кремастите јајца, а целата смеса ќе остане воздушеста. На страна во помал сад исечете го путерот на помали коцки, додајте го млекото и растопете ги заедно во микробранова печка или на пареа. Сипете една лажица од тестото во растопениот путер и промешајте за да се раствори.
Сипете ја смесата повторно во тестото и на ист начин со бавно црпење промешајте додека да добиете изедначено, хомогено, пенливо тесто. Излејте го во претходно подготвен помал калап (18 см) обложен со хартија за печење на дното и страните. Распоредете и израмнете со протресување.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 175 степени, 32 минути или прилагодете според вашата рерна. Печениот пандишпан оставете да се излади, отстранете ја хартијата и пресечете го на две тенки кори. Додека се лади пандишпанот, вие пригответе го карамелниот фил:
Во тенџере со светло дно сипете го шеќерот и загревајте го на умерена температура додека да се растопи и карамелизира. Потоа додајте путер исечкан на коцки и мешајте додека да се растопи и соедини. Додајте прстофат сол а темпартурата намалете ја. Додајте ја слатката павлака и гответе додека да зоврие и целосно да се растопи и соедини.
Карамелниот фил претурете го во посебен сад, додајте ги кикириките, промешајте и оставете настрана да се олади на собна температура. Веднаш потоа пригответе ја чоколадната глазура: слатката павлака заедно со чоколадото растопете ги во микробранова печка или на пареа, па додајте ги кикирките и промешајте. Оставете да се лади на собна температура.
За бел фил: во подлабок сад сипете ја ладната слатка павлака, додајте шеќер во прав и изматете со миксер додека да добиете шлаг. Потоа додајте го ладното крем сирење и изматете уште кратко додека да се соедини.
РЕДЕЊЕ: Во калапот поставете ја едната кора, премачкјате ја рамномерно со половина бел фил, па внимателно распоредете го карамелниот фил. Израмнете и поклопете со втора кора. Премачкјате ја со втората половина од белиот фил и одозгора излејте ја чоколадната глазура. Оставете да се олади во фрижидер 1-2 часа. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.