Излиената пита со два вида сирење и спанаќ е најдобрата, најбрзата и најлесната пита. Многу е вкусна и успева секој пат!
Потребни состојки: 300 г исечкан спанаќ, зовриена вода, 4 јајца, 100 г изрендана гауда, 250 г издробено фета сирење, 150 г грчки јогурт, 100 г сончогледово масло, 150 мл млеко, 200 г брашно и 1 лажичка прашок за печиво
Постапка: Прелијте го спанаќот со врела вода и оставете го на страна 10-тина минути за да омекне.
Намастете плех со величина 20х30 см, а рерната вклучете ја да се загрева на 180 со вентилатор или 200 степени без.
Изматете ги јајцата, додадете грчки јогурт, масло и млеко, па добро промешајте за да се изеначи смесата.
Прашокот за печиво измешајте го во брашното, па заедно промешајте во смесата од јајца. Убаво промешајте. На крај додадете го исцедениот спанаќ (убаво исцедете го од вишокот вода) и промешајте за да се соединат состојките.
Добиената смеса излејте ја во приготвениот плех и ставете да се пече во претходно загреаната рерна околу 35-40 минути. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото: