Најдобрата Божиќна торта што некогаш сум ја јадела! Ќе се воодушевите! Брз и лесен рецепт кој секој може да го направи. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ЗА калап 20 см):
2 јајца со средна големина
1 прстофат сол
60 г шеќер (3 лажици)
50 г брашно (2.5 лажици)
10 г горчливо какао (1 кафена лажичка)
За полевање на бисквитот:
160 мл сварено и оладено кафе
2 лажички шеќер
Чоколаден мус:
4 јајца (одделени жолчки од белки)
200 г темно чоколадо
100 гр путер
20 мл кафе (2 лажици)
40 г шеќер (2 лажици)
Чоколаден ганаш:
60 г темно чоколадо
40 мл млеко
ПОСТАПКА:
По подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со прстофат сол и две лажици шеќер. Матете со миксер 2-3 минути додека јајцата малку да згуснат. Потоа просејте мешавина од брашно и какао во прав.
Мешајте рачно додека да се изедначи смесата и добиете хомогено и мазно тесто. Тоа треба да остане колку е можно покремасто и повоздушно. Сипете го во обложен плех со хартија (или намастен и набрашнет) и неколку пати потчукнете го и протресете го за да се израмни.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 175 степени, 15 минути. Проверете со лепкалка (ако излезе сува значи дека е добро испечен). Тестото не содржи прашок за печиво, но од јајцата ќе биде меко. По желба во тестото можете да додадете 1/4 лажичка пп, но нема потреба.
Кога ќе подизлади извадете го од обрач и оставете го да се лади на решетка. Отстранете ја хартијата на која се печеше и поставете го врз десертна чинија со обрач. Полијте го со сварено и засладено кафе за добие сочност.
Во посебен сад ставете 200 г црно чоколадо и 100 г путер, па растопете ги во микробранова печка или на пареа (тивок оган). Додека е топло чоколадото, додајте ги жолчките и брзо промешајте со лажица за да се инкорпорираат.
Потоа додајте две лажици кафе и повторно промешајте. Процедете ја смесата за да биде целосно мазна и тргнете ја настрана. Во посебен сад пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот. Матете со миксерот додека да добиете цврсти врвови.
Малку по малку додавајте од снегот од белки во чоколадната смеса и мешајте со лажица за да се соедини. Мусот треба да остане пенлив и кремаста.
Распоредете го врз бисквитит, израмнете и оставете да се стегне еден час во фрижидер.
За тоа време направете ја глазурата: растопете го чоколадото со млеко или слатка павлака, па сипете врз тортата. Оставете ја 2 часа во фрижидер да се олади пред послужување. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ.