Лукот не е само сачин кој им се додава на јадењата за да го збогатив нивниот вкус и арома. Неговите лековити својства одамна се познати и се користат во медицината. Меѓу другото, лукот се користи и во третмани против опаѓање на косата (алопеција). Се смета дека селенот и сулфурот содржани во лукот се главните состојки кои доведуваат до зацврстување на фоликулите и не дозволуваат да отпадне влакното.




Исто така, во голема мера може да придонесат и неговите антимикробни и антигабични својства. Како се приготвува лек против опаѓање на косата со лук? Постојат повеќе начини и варијанти за подготовка на лекови од лук, а ние ќе ви ги откриеме најдобрите. Лукот може и самостојно да се користи како лек, но во комбинација со уште некоја состојка се добиваат препарати со исклучително лековито дејство.




РЕЦЕПТ 1 – МАСЛО ОД ЛУК. Може да користите чисто масло од лук (купечко) за намалување на опаѓањето на косата. Едноставно два до трипати неделно нанесувајте го маслото директо во коренот од косата. Масирајте го скалпот 5 до 10 минути, а потоа косата добро исперете ја со шампон без сулфати.




За да добиете најдобри резултати, маслото малку загрејте го пред да го нанесите на главата. Овој процес повторувајте го онолку недели додека да забележите дека опаѓањето се намалило а косата станува погуста и појака. Доколку немате готово масло од лук, секогаш можете сами да си го приготвите во домашни услови.




Потребни ви се 8-10 чешниња лук и половина шолја рицинусово или кокосово масло. Лукот изблендирајте го додека да добиете мека каша, па додајте го маслото. Потоа ставете на многу тивок оган да се загрее додека да зарумени. Зготвениот лук во масло оставете да се олади. Процедете ја смесата и користете по две лажици за масажа на целата глава.




Исто така, може да се обидете да користите и сиров лук, така што ќе го пресечете чешнето, па со пресечената страна директно ќе ја мачкате кожата на местото каде опаѓа косата. Лукот може да го ири-тира местото, па затоа не го користете овој метод пречесто. После секое користење на лукот, косата исперете ја со некој благ шампон.




РЕЦЕПТ 2 – ЛЕК ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА СО ЛУК И МЕД. Постапка: исцедете сок од 8 чешниња лук со што ќе добиете една лажичка. На оваа лажичка сок од лук додајте една лажичка мед и добро промешајте додека да добиете компактна смеса. Нанесете ја смесата директно на скалпот и покријте ја главата со капа за туширање.

После 20 минути исперете ја косата со благ шампон без сулфати. овој процес се повторува два до трипати неделно и многу брзо се постигнуваат резултати.




РЕЦЕПТ 3 – МАСКА ЗА КОСА ОД ЛУК ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА. За оние на кои им паѓа косата во цели прамени, најефикасно е целното лекување, односно на тие „печати“ од кои косата опаѓа. Оваа маска од лук може лесно да се приготви дома од три состојки, а тоа се: лук, ѓумбир и маслиново масло. Ѓумбирот се додава затоа што ја подобрува циркулацијата.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лажица маслиново масло, 1 чешне лук, малку свеж корен од ѓумбир или ѓумбир во прав (половина од количината на лукот). Ова е мала количина, па сразмерно на површината која ќе ја третирате, зголемете ги состојките.

ПОСТАПКА: Сите состојки исчистете ги и иситнете ги во блендер додека заедно со маслото да добиете компактна смеса. Нанесете ја смесата на коренот, фиксирајте добро со капа и оставете да делува преку цела ноќ. Следниот ден исперете ја косата со шампон. Овој третман се користи еднаш до двапати неделно.




РЕЦЕПТ 4 – КОМОВА РАКИЈА СО ЛУК. Во 200 мл комова ракија додајте 5-6 исчистени и крупно исечкани чешниња лук. Оставете да отстои пет дена со секојдневно протресување. По изминатиот период овој лосион секојдневно нанесувајте го по малку на главата.

Кога ќе ги забележите резултатите, намалете на трипати неделно. Бидејќи и двете состојки се доста силни, најпрво нанесете на мал дел од кожата зад увото, па доколку нема реакција продолжете со третманот. Исто така, внимавајте и да не дојде до исушување на кожата. Во овој случај важи правилото: „Помалку значи повеќе“.




РЕЦЕПТ 5 – ЛУК, КРОМИД И ЦИМЕТ – ОДЛИЧЕН ЛЕК ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА. Делува брзо и многу успешно. Ги „буди“ заспаните фоликули и ги поттикнува на побрз раст, па спречува понатамошно опаѓање на косата.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 шолји вода, 1 помала главица кромид, 1 стапче цимет, 3 чешниња лук. Постапка: исчистете го лукот и сварете ги сите состојки во две шолји вода, па оставете смесата да се олади.

Потоа процедете. Течноста нанесете ја на главата и оставете да делува 15-20 минути. Потоа исперете со млака вода и шампон. Третманот се повторува секој ден во текот на една недела. Веднаш ќе забележите дека опаѓањето значително е намалено.

ШАМПОН ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА. Потребни состојки: 200 мл шампон без сулфати, силикони или парабени, 15 чешниња лук и 10 капки етерично масло од пеперминт. Постапка: Лукот исчистете го и сомелете го, па заедно со етеричното масло додајте го во шампонот. Овој шампон не смее да се користи повеќе од трипати неделно.