НАЈБРЗО ЗГОТВЕН РУЧЕК: евтино, а многу вкусно, сите ќе ги воодушевите штом го направите. Рецепт на Јелена од каналот Јеца Сваштарица. Многу едноставен ручек со богат вкус, се подготвува брзо и сите ќе ви побараат рецепт за него.
Состојките се во одлично распореден сооднос, така што ручекот е доволен за едно четиричлено семејство. Јадењето е доста заситно, а се подготвува од неколку едноставни состојки, но во совршен распоред. Сочно, убаво, крцкаво, ручек за мерак..
Потребни состојки: 1 главица кромид, 1 тиквичка, 1 морков со средна величина, 500 г бело месо (пилешко филе), 2 чешниња лук, 1 младо лукче, 6 средни компири. За прелив: 2 јајца, 200 мл јогурт (а може да користите и кисела павлака), 100 мл вода, рендан кашкавал за наросување (гауда)..
И уште ќе ви бидат потребни следниве состојки за зачинување: 3 лажици масло за пржење, 1 лажичка сол, црн пипер, вегета, кари, мелен лут црвен пипер (по желба), 1 лажичка сладок црвен пипер во прав.. Секако, зачините може да ги додавате по вкус.
Постапка: Ставете едно поголемо тавче на рингла и вклучете ја ринглата на средна температура. Намастете го тавчето со 3 лажици масло и почекајте да се загрее. Во меѓувреме, ситно исечкајте една главица кромид, тиквичката исто така што поситно исечкајте ја, па додајте ги во загреното масло.
Додајте го и морковот ситно исечкан или изрендан, па пропржете го зеленчукот од сите страни додека да го испушти својот сок. Морам да напоменам дека овој ручек е вистинско витамински чу-до од ручек. Со повремено мешање, запржете го зеленчукот.
По испуштање на течностите од зеленчукот, додајте го белото месо, ситно исечкано и зачинете со црн пипер, вегета, кари зачин и мелен лут црвен пипер по вкус. Ситно издробете ги чешнињата лук и додајте ги во запршката.
Од младото кромитче исечкајте го само белиот дел на ситни парчиња, додајте го во тавчето, а зелениот дел, кој исто така треба да биде ситно исечкан, чувајте го за на крај за декорација. Испржете го месото, додека да потемни и да фати коричка.
Притоа ќе се динста во водата од зеленчукот и ќе омекне, а на вкус ќе биде многу сочно од сокот кој ќе го поприми од ризницата зеленчуци. По запржување на месото, вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени, а тавчето тргнете го од рингла.
Компирите излупете ги и исечете ги на кругови, па наредете ги во керамички сад. Одозгора зачинете со црн пипер, сол, па прелијте ја мешавината со зеленчук и месо. Исто така, додајте го и сокот кој го испуштиле зеленчуците во тавчето при пржење. Во посебен сад изматете ги двете јајца, додајте во нив јогурт или кисела павлака и водата.
Се измешајте, па преливот излејте го во керамичкиот сад врз месото. Одозгора наредете го изренданиот кашкавал и зелениот дел кој претходно го исечкавте од младото кромитче. Јас денеска бев многу креативна, а како што може да забележите од видеото, одозгора декорирав и со неколку парчиња сечкана ротквица и формирав цвет на средина од тавата.
Ручекот печете го на 180 степени, околу 50-тина минути. По печењето оставате малку да се олади и послужувате додека се уште е топло. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.