Секоја домаќинка сака да ги прави, особено за децата кои најмногу ги сакаат за појадок. Тоа е вистинско мезе кое е готово речиси за 10 минути, а може да се приготвуваат и за вечера или кога ви доаѓаат гости.

Се добиваат многу, наредете ги во чинии заедно со различни намази, сирење, кашкавал, па изненадете ги гостите со малку поинаква вечера.

Пишиите или некои ги нарекуваат уштипци, мекици и слично, многу лесно се приготвуваат и на сите им успеваат, па дури и на оние кои за првпат влегуваат во кујна.

Потребни состојки:

20 супени лажици брашно

3 јајца

200 мл јогурт

1 прашок за печиво

1 прстофат сол

1 прстофат шеќер

Постапка:

Од сите состојки направете смеса.

Во еден сад загрејте масло и со лажица вадете од смесата па ставајте во загреаното масло и пржете 5 минути. Пржените пишии редете ги врз хартиена салветка за да се впијат вишокот маснотии.

receptimojekuhinje.com