Потребни состојки:

250 г ситно сирење

1 јајце

1 лажичка сол или по вкус

1 прашок за печиво

300 г брашно и уште малку ако е потребно за замесување

Постапка:

Тестото не треба да биде тврдо туку меко и малку лепливо.

Од сите состојки замесете тесто кое потоа ќе го поделите на три дела.

Секој дел развлечете го со оклагија и сечете на саканата должина.

Тестото не треба да се чека за да надојде, туку веднаш се пржат пирошките на малку масло. Се пржат за кратко време, само неколку минути додека да заруменат од двете страни.

Овие пирошки после пржењето не се масни.

Во продолжение погледнете го видеото: